Премиерот Зоран Заев, проф. Марјан Петрески и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески гостуваат во емисијата Економски магазин на Алсат-М на теми поврзани со преструктуирањето на економијата во светот, како и за потребите, предизвиците и можностите за македонската економија да се прилагоди на светските трендови. Во светлина на најновиот извештај на ЕК за прогресот на Северна Македонија во процесот на ЕУ интеграциите.
На самиот почеток, премиерот Заев истакна дека Владата е спремна за соочување со секаква економска криза, па дури и со најлоши сценарија, доколку ни вакцината не помага во борбата против Ковид-19.
Во емисијата Економски Магазин, Заев рече дека од секоја криза треба да се научи и да се прилагодиме на секаков начин на живеење.
„Апсолутно сум свесен прво и како претседател на Владата и како човек што е упатен во процесите, тоа што се случува во светот нема да не одмине нас секој со својот памет зависи како ќе се позиционира и во делот на вистинските правци и во делот на навременоста на позиционирање и еве ја имам честа и одговорноста да ја водам Владата каде што се креираат главните пакети и димензии. Одлично соработуваме со коморите, со универзитетските институции каде што имаме квалитетни кадри но и со синдикатите, работодавачите и сите. Оттука произлезе и 4-от пакет мерки. Прво лично не верувам дека вакцината ќе реши сѐ или лековите ќе решат сѐ, за мене е ова мислам нешто како со грипот – ќе ја има вакцината, ќе нѐ излечи, но ќе има мутации. Поентата ми е – да се спремиме да работиме и на вакви околности, не сакам никого да исплашам, дај Боже да бидеме поотпимистички од ова што го кажувам.“
Затоа треба да се научиме да работиме на вакви оклности и секоја криза е можност и предност, ак знаеме и бидеме паметни да ја искористиме. Оттука ако може да приметите, пакетот од 470 милјони евра на самиот буџет го дополнивме со 60 милиони евра. Плаќаме работи кои доспеваат следната година, уште сега ги призгуваме внатре како што се ситуации времени завршни на браните, инфраструктурните пројекти, ситуации и така натаму, изјави Заев.
Премиерот Заев посочи дека треба да се научиме да работиме во вакви околности и дека секоја криза може да биде предност и можност, ако знаеме да ја искористиме. „Оттука, ако може да приметите, пакетот од 470 милиони евра на самиот буџет го надополнивме со дополнителни три милијарди и 634 милиони, односно 60 милиони евра посебно реалоцирани средства за вбризгување внатре во економијата односно плаќаме работи кои што доспеваат следната година, уште сега ги вбризгуваме внатре.“