Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција извести за новите мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги предложи до Владата.
Тој истакна дека Комисијата предложи забрана на семејни поголеми собири, прослави, слави и забави во домашни услови.
– Во една куќа, или стан, сопствениците дозволено е да примат најмногу + 4 луѓе кои се со друга адреса на живеење. Сериозен тип од новозаразените се од вакви забави, и сакаме со оваа мерка тоа да го превенираме, рече министерот Филипче.
Министерот додаде дека ќе се забранува групирање на јавен простор после 22 часот на група поголема од 4 луѓе на бензиски пумпи, паркови и други јавни површини.
– Задолжително носење на маски, или марама секадe при престој на отворено и на затворено, на работно место и во јавен транспорт. Исклучок од ова правило ќе има: при спортување, при транспорт во приватно моторно возило ако лицата се од исто семејство, при седење во угостителските објекти, при престој во службени простории канцеларии ако лицето е само во канцеларијата, и во сите овие случаи ќе треба строго да се придржуваат со мерките за препорака за заштита од Ковид-19, истакна Филипче.
И децата до 6 години нема да мора да носат заштитни маски или други прекривки за лице, потенцираше министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Ј. Ѓорѓиоски