На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги реализира Министерството за внатрешни работи.
За возење без возачка дозвола казнети се осум лица, додека за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 86 прекршоци.
Од МВР денеска соопштија дека се регистрирани седум технички неисправни и нерегистрирани возила, од кои две возила што вршат јавен превоз на патници – автобуси.
За непрописно паркирање изречени се 68 мерки, а 71 возило се подигнати со пајак. Изречени се и 120 казни за неносење на заштитна маска.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР.