ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајрактаров: Сите активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје кај себе, своите семејства, пријатели, колеги, заедници

October 9, 2020 13:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Менталното здравје е од огромна важност за нашето секојдневно функционирање и за квалитетот на живот кој го имаме. Сите треба активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје кај себе, своите семејства, пријатели, колеги, заедници и да се трудиме негата и поддршката да бидат достапни за сите, вели со писмена изјава директорт на Универзитетската клиника за психијатрија и претседател на Национална комисија за унапредување на менталното здравје, доц. д-р Стојан Бајрактаров.

Последните неколку месеци, посочува тој, светот активно се бори со ширењето на Ковид-19 и стручните лица напорно работат во изнаоѓање решенија за заштита на нашето физичко здравје.

– Но, промените кои ги искусуваме овој период и предизвиците со кои се соочуваме влијаат не само на нашето физичко здравје, туку и на нашето ментално здравје. Ова е тема која често ја занемаруваме и е проследена со зголемена стигма и со предрасуди. Познато ни е дека милиони луѓе и нивните семејства низ светот страдаат од нарушено ментално здравје и ментални растројства. Денеска 10 октомври е само краток но важен потсетник да инвестираме во менталното здравје во нашата држава, истакнува доктор Бајрактаров.

Потенцира дека како стручни лица вложуваат значителен труд во изнаоѓањето иновативни решенија во адресирањето на ментално здравствените проблеми во овој тежок период.

– Во последните неколку години направивме значителен напредок, со големи вложувања, пред се, во медицинскиот персонал, но и во подобрувањето на условите за работа и можностите за третман, со активна поддршка од Европската Унија, СЗО, УНИЦЕФ и од други значајни интернационални институции, додава д-р Бајрактаров.

Next Post

Прегазена 46-годишна жена на регионалниот пат кај Кадрифаково

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk