Министерството за образование со апел до наставниците, учениците и родителите, да се однесуваат одговорно и надвор од училиштата и на работното место.
Ова следува откако за само една недела по почетокот на училишната година веќе 53 ученици и 8 наставници се во изолација поради појавата на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу нив.
„МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата”, пишува во апелот на МОН.