Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Грција во земјава Димитрис Јанакакис.
На средбата, како што соопшти МВР, меѓу другото, било разговарано за претстојната посета на министерот за цивилна заштита на Република Грција Михалис Хрисохоидис предвидена за 16 октомври 2020 година во рамки на Состанокот на министри за внатрешни работи на партнерите на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Двајцата соговорници го потенцирале интензивирањето на соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи, но и воопшто меѓу двете држави, а акцент бил ставен на процесот на интеграција во Европската унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот.
– Министерот Спасовски укажа на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството, се вели во соопштението.