ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Повик за учество на петдневна работилница во МНТ под менторство на грчкиот актер и режисер Емануел Константинидис

October 13, 2025 14:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Македонски народен театар

Фото: Македонски народен театар

Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот народен театар објави повик за учество на интензивна петдневна перформативна работилница под наслов „Левијатан: Студија за суштества и апсурдот“  под менторство на грчкиот актер и режисер Емануел Константинидис, кој ќе престојува на уметничка резиденција во МНТ до 15 ноември.

Во рамки на неговиот престој во Скопје е и организацијата на работилница под негово менторство. Уметничка резиденција на Константинидис е прв резултат од неодамнешното  зачленување на МНТ во престижната театарска мрежа Европската театарска конвенција (ETC) која обединува 63 театри од 31 земја.

-Со ова членство, МНТ се приклучи кон семејството на најголемите и највлијателни театри во Европа, со отворени врати за копродукции, размена на претстави, резиденции на уметници и нови европски проекти, соопшти театарот.

Работилницата „Левијатан: Студија за суштества и апсурдот“ ги повикува учесниците на длабоко истражување на митот, хаосот и создавањето. Овој интензивен петдневен процес, наведува МНТ, ги комбинира перформативните алатки со уникатниот уметнички израз на секој учесник, создавајќи колективен експеримент во нови форми на театар и нарација.

-Левијатан е моќно митолошко суштество кое често се поврзува со хаос, уништување и гнев. Некои интерпретации го претставуваат како демон – олицетворение на лутина и емоционална бура, како неконтролираниот хаос на морето. Во овој контекст, Левијатан станува метафора за ослободениот гнев – огромна, примордијална сила со која мора да се соочиме, да ја претставиме и трансформираме. Преку перформанс, учесниците ќе го истражуваат апсурдното, чудовишното и непознатото во себе и во своите креативни практики. Работилницата ќе ги отвори прашањата: како митот за Левијатан одекнува во современиот живот, на кои начини хаосот, уништувањето и гневот се манифестираат во нашето секојдневие и едноставно – што нè прави лути, соопшти МНТ.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на 15. Таа ќе се одржува во просториите на Македонскиот народен театар од 21 до 25 октомври со утврден распоред. Пред почетокот на работилницата, на секој учесник ќе му биде испратен краток текст за учење.

-Се препорачува носење удобна облека, бидејќи процесот вклучува интензивно физичко движење. Добредојдени се актери, танчари, перформери и други уметници, кои сакаат да ги прошират креативните и изведувачките хоризонти. Нема старосни ограничувања. Од учесниците се очекува целосна посветеност за време на истражувањето и активна вклученост во перформансот. Работилницата претставува безбедно и инклузивно место за сите учесници, во дух на меѓусебна почит и уметничка слобода, се наведува во соопштението.

Кандидатите заинтересирани за учество треба да пратат кратка биографија со фотографија на адресата leviathanworkshopmnt@gmail.com најдоцна до петок, 17 октомври. Сите пријавени кандидати ќе бидат известени на 18 октомври. 

Next Post
Фото: МИА

Шест претстави во официјалната програма на 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров"

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk