ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

УЈП ја прилагоди апликацијата за Викенд без ДДВ, сметките ќе се скенираат три дена, данокот ќе се врати до крајот на октомври

October 9, 2020 16:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за јавни приходи е подготвена за спроведување на мерката Викенд без ДДВ. Апликацијата МојДДВ  преку која граѓаните за купените домашни производи и услуги и за компјутерската опрема треба да ги скенираат сметките е приспособена. Граѓаните од утре до 12 октомври имаат можност да купат од широката лепеза домашни производи и услуги и притоа да го добијат целиот пресметан износ на ДДВ назад,најдоцна до крајот на месецот.

Ова го соопшти в.д. директорот на Управата за јавни приходи Фарук Омери на денешната прес-конференција на која упати апел за да се реализира мерката трговците да ги разделат домашните производи од странските.

-УЈП ја прилагоди аликацијата Мој ДДВ и подготвено го очекува продолжениот викенд. Сите граѓани кои се корисници на апаликацијата Мој ДДВ за фискалните сметки издадени на 10, 11 и 12 октомври и пријавени преку системот за скенирање за купените македонски производи и услуги и ИТ опрема ќе им се врати во целост пресметаниот ДДВ во фискалните сметки, рече Омери.

Тој додаде дека ако досега се враќаа 20 отсто од пресметаниот ДДВ за македонски производи, со оваа мерка во овој продолжен викенд, викенд без ДДВ, ќе се враќа целосниот ДДВ.

Појасни дека за враќање на целиот износ граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена од издавањето, а доколку се скенираат по овој рок на граѓаните ќе им бидат вратени 20 отсто од искажаното ДДВ од фисакалната сметка.

-Важно е да се напомене дека и вкупниот промет од македонски производи, услуги и ИТ опрема за кои ќе се враќа целосниот ДДВ е најмногу до 30.000 денари, а за надминатиот ќе се враќа како што е утврдено претходно, односно 20 отсто од пресметаниот ДДВ, истакна Омери.

Потенцира дека во државава има на располагање голем асортиман домашни прозиводи почнувајќи од прехрана, текстил, облека, градежни материјали и друго, што значи има широка лепеза на проиводи и услуги и граѓаните може да ги направат потребните набавки.

Тој додаде дека во овој Викенд без ДДВ е даден акцент и на компјутерската опрема, со тоа што овој викенд истата независно од потклото во фискалните сметки ќе се регистрира како промет на македонски проиводи, со цел граѓаните да ги искористат приодибвките од купување копјутерска опрема имајќи предвид колку е таа во овој период неопходна.

Апелираше дека за целосна реализација на оваа мерка сите трговци треба да ги означат македонските производи и услуги и компјутерска опрема, односно да ги разделат во фискалната сметки со цел непречено враќање на ДДВ.

Враќањето на ДДВ што граѓаните ќе го остварат во Викендот без ДДВ ќе се реализира во рок од 15 дена од денот на издавање на фискалната сметка, односно, како што рече Омери, до крајот на октомври.

-Основната цел на Викенд без ДДВ е повеќе пари кај граѓаните, ососбнео во овој перид од годината, кога трошоците во домаќинствата се зголемени, при што граѓантие ќе може да купуваат домашни производи и услуги со што ќе се поттикне потрошуачката, а истовремено ќе се поддржи и економијата. На подолг рок оваа мерка е борба против сивата економија, посочи Омери.

Тој повика на примена на пропишаните протоколи од страна на трговците, и посочи дека на терен ќе бидат инспекторатите за да се спречат евентуални малверзации со покачени цени.

-Секако ние сме свесни дека проектот Викенд без ДДВ се спроведува во услови на Ковид 19 и оти трговците се обврзани да ги спроведуваат протоколите за заштита од Ковид 19, рече Омери.

Наведе дека согласно донесените законски измени за реализација на оваа мерка, која е прва од четвртиот пакет антикризни мерки, е предвидено Викенд без ддв да се спроведе само овој продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk