ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Филипче со претставници од дејноста прослави и свадби: Дијалогот започнa, ќе најдеме најдобри решенија да не се загрози здравјето на граѓаните, а да се намали економската штета во дејноста

На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје.

October 9, 2020 18:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.

На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.

После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба  дијалогот е започнат и дека во периодот којшто следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.

Заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Средба на министерот Спасовски со грчкиот амбасадор Јанакакис

НАЈНОВО

Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

October 13, 2025

(ФОТО) Долгата коса како статусен симбол – од Белата куќа, до модните писти и Холувуд

October 13, 2025

Макрон: Мирот во Израел, Газа и регионот станува можен

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk