Ако го читате Европскиот извештај за Северна Македонија ќе видите дека нема прекумерна сила; опозицијата се споменува како партнер, владеењето на право е позитивно, Собранието работи со поголема транспарентност, граѓанските организации се вклучени во општеството со своите иницијативи. Потенцираат дека општеството е мултикултурно, тоа значи дека малцинствата се почитуваат и не се шиканираат.
Сакам да кажам дека добро нè нотирале; дури и опозицијата е претставена во подобро светло одошто реално заслужува. Нема режим, нема насилство, нема тепање, нема прислушување, нема споменици, нема брутален инженеринг на нашиот идентитет, нема прогонување на невладини, нема шиканирања на неистомисленици…
Прочитајте го Извештајот од ЕУ. И никогаш да не’ заборавиме каде бевме, а каде сме денес во политичка смисла.
Фејсбук пост на Ненад Јовановиќ