ПРЕМИЕРОТ Заев од Куманово:
- ПРЕДЛОГОТ од Захариева ниту е добрососедство ниту е европски, разговорите не поминале добро.
- БОРБАТА на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава.
- НАШЕТО место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
- СТОИМЕ горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци.
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ Димитров од Прилеп:
- НИТУ една држава во светот, ниту меѓународна организација, нема право да се меша во нашето право на самоопределување.
- АКО ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи придавката Европска.
ФРОНТ – Коктел од Мизрахи и Антиразум, пишува Бранко Тричковски.
РСС: Вложувањата на ЕУ во Западен Балкан имаат потенцијал да привлечат 32 милијарди евра
ДПИ: Извршени 488 контроли за почитување на здравствените протоколи и 123 контроли поврзани со викендот без ДДВ.
УЈП: За трипати е зголемен прометот од македонски производи како резултат од „Викенд без ДДВ“.
ВЕЛОПАТЕКИТЕ во Скопје достигнаа 110 километри.
БЕСИМИ: Четвртиот пакет на мерки ќе го амортизира ударот од КОВИД-кризата, ќе почне да се спроведува после усвојување на ребалансот.
НАДАЛ за пензионирањето и ривалството со Ѓоковиќ: Не сум опседнат.
ВУДВОРД му подготвува отказ на Солскјер.
ДОКТОР Шон Конли: Трамп не е веќе заразен од коронавирус.
Ј. Ѓ.