ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Велопатеките во Скопје достигнаа 110 километри

October 11, 2020 12:33
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Должината на велосипедските патеки на територијата на Скопје годинава достигна околу 110 километри, информираат градските власти. Во изминативе три години биле изградени или реконструирани околу 30 километри од велосипедските патеки, информираат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Тие во моментов работат на изведба на велосипедска патека на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, како и на булеварот 8-ми Септември и улицата Никола Парапунов во општина Карпош. Градските власти периодов ја обележуваат велосипедската лента на улица Никола Карев, а ја завршуваат и документацијата за обележување на велосипедска лента на улица Лондонска.

Во меѓувреме, од граѓанската иницијатива „На Точак“ доставија конкретни предлози до Градоначалникот и Советот на град Скопје за Буџетот на град Скопје за 2021 година, во кои се наведени нивните барања и финансиската конструкција за исполнување на секое од нив. Од градските власти тие бараат догодина да се обезбедат 70 милиони денари за реконструкција на пешачката и велосипедската инфраструктура на булеварите во Скопје.

Воедно, од „На Точак“ бараат минимум 30 отсто од вкупниот буџет за патната инфраструктура на Град Скопје за 2021 година да се одвои за велосипедска и пешачка инфраструктура. За субвенции за сервис и резервна опрема за велосипеди би биле потребни 3 милиони денари, додека за промена на рабниците на сите булевари низ Скопје да се одвојат 4 милиони денари. За да се прекине окупацијата на велосипедските патеки од возила, „На Точак“ предлагаат Град Скопје догодина да одвои и 5 милиони денари за густо поставување на столпчиња по сите велосипедски ленти.

Од граѓанската иницијатива предлагаат 20 милиони денари да се одвојат од градскиот буџет за продолжување на рекреативната патека на реката Вардар до Сарај на запад, како и до најисточните граници на Град Скопје на исток. За „Простор Антикорона“ од „На Точак“ бараат 20 милиони денари од градскиот буџет за 2021 година.

„Простор Антикорона“ опфаќа дислокација на билборди и ситилајти, ослободување на една коловозна лента, отстранување на паркинг места пред места каде што се собираат или чекаат луѓе – аптеки, банки, пошти… Пандемијата ни покажа дека за справување со неа потребен е поголем простор за безбедно движење и групирање на граѓаните на безбедно растојание. За таа цел бараме ослободување на десните коловозни ленти и стеснување на останатите, а ослободените ленти да се користат за непречено движење на велосипеди и јавен превоз. На булеварите каде што постои велосипедска инфраструктура предлагаме истата да се ослободи за пешаците, бидејќи велосипедистите би се движеле на новата велосипедска лента. Понатаму, бараме ослободување на плоштадите од непотребна урбана опрема и ослободување на паркинг местата пред комерцијалните и здравствени институции пред кои се групираат посетителите“, предлагаат „На Точак“.

Дополнителни 600.000 денари се предлагаат за да се изработки стратешки документ за безбедност во сообраќајот – Визија нула – Визија за Скопје без жртви, но и Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) догодина да се опреми со 5 бројачи на велосипеди кои би ги поставил клучните велопатеки во Скопје, а за што би се издвоиле 4,5 милиони денари. На тој начин, Град Скопје за првпат би го броел бројот на велосипеди што се движат по патеките, кои податоци би можеле да се искористат за идно креирање на сообраќајните политики во главниот град.

„Бидејќи предлозите се во согласност со веќе донесениот План за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 донесен од Советот на Град Скопје во септември 2019, како и во насока на справување со актуелната здравствена и економска криза, очекуваме поддршка од сите советници“, велат од „На Точак“.

Потребата од зголемен буџет за велосипедската и пешачката инфраструктура во Скопје доаѓа во период на пандемијата од ковид-19, поради која многу градови од развиените земји инвестираа во низа на креативни идеи за проширување на јавниот простор наменет за пешаци и велосипедисти, како би се обезбедило безбедно движење со држење на неопходната дистанца за да се спречи ширење на корона вирусот меѓу граѓаните.

 

Next Post

Заев: Стоиме горди со кренати глави, чувајќи го заветот на нашите државотворци

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk