ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Американскиот Сенат го почна сослушувањето на кандидатката за Врховниот суд, судијката Ејми Кони Барет

Меѓу оние кои сослушувањето го следат преку видео врска е и демократската сенаторка Камила Харис, кандидатката за потпретседател на Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

October 12, 2020 19:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за правосудство на американскиот Сенат го почна своето четиридневно сослушување на судијката Ејми Кони Барет во процесот за потврда на нејзината номинација за судија на Врховниот суд, што ја направи американскиот претседател Доналд Трамп.

Сослушувањето на конзервативната судијка, која Трамп ја номинира на 26 септември, по смртта на либералната судијка, Рут Бадер Гинзбург, почна со воведни обраќања на сенаторите,

Судијката Берет ќе се обрати дури откако прво зборуваат сите 22 члена на Комитетот.

Поради пандемијата на коронавирусот, на сослушувањето лично не присуствуваат сите сенатори, а тие што се наоѓаат во Капитол Хил имаат физичка дистанца и ги следат другите епидемиолошки упатства.

Берет седи на маса наспроти сенатор со маска на лицето, а зад неа седат нејзините деца, исто така, со маски на лицата.

Одлуката дали ќе присуствува на сослушувањето ја носи секој сенатор посебно. Меѓу оние кои сослушувањето го следат преку видео врска е и демократската сенаторка Камила Харис, кандидатката за потпретседател на Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

Републиканските лидери во Сенатот ги отфрлија повиците на демократите да го одложат сослушувањето затоа што двајца членови на Комитетот и претседателот Трамп беа позитивни на коронавирус, само неколку дена по церемонијата на 26 септември на која претседателот објави дека ќе ја предложи оваа 48-годишна судијка.

Ова сослушување е последниот чекор пред целосното гласање на Сенатот кон крајот на октомври за да се потврди доживотниот мандат на Ејми Кони Барет во Врховниот суд./МИА/

Next Post

Ковид-19 во светот: Досега 1.3 милиони заразени во Русија, речиси 14 илјади нови случаи во Британија во еден ден

НАЈНОВО

Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

October 27, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk