ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Советот на Европа бара од Бугарија да отвори дијалог со групите кои изразија желба да имаат заштита со Рамковната конвенција за националните малцинства

October 12, 2020 14:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија постигна напредок во примената на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, го зајакна своето законодавство за недискриминација, го поддржа образованието на децата Роми и ги бранеше верските права, оценуваат експертите на Советот на Европа. Сепак, според нив, правната рамка во врска со остварувањето на културните, јазичните и партиципативните права на малцинствата останува стесната, така остануваат проблемите во однос на средното образование за Ромите и квалитетот на образованието, говорот на омраза во јавниот дискурс често останува неказнет, јави дописникот на МИА.

Ова се наведува во извештајот и мислењето на Советодавниот комитет на Советот на Европа за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства објавено денеска, придружено со коментари од Владата на Бугарија.

Комитетот препорачува и да се започне дијалог со групи (тука станува збор за припадниците на македонското малцинство) кои изразија интерес за заштитата што ја овозможува Рамковната конвенција и сите заинтересирани групи да можат да остваруваат слобода на здружување. Потоа се бара од бугарските власти да го овозможат слободното идентификување на лицата од етнички малцинства, што треба строго да се запази на следниот попис на населението во 2021 година. Властите треба, во соработка со претставници на националните малцинства, да ги вратат неодамна избришаните имиња на места, барем да бидат ко-официјални имиња заедно со новите бугарски имиња. Тие исто така се охрабруваат да усвојат пристап што ќе внимава на религиозните специфичности во врска со почитувањето на прехранбените практики во образовните установи.

Експертите на Советот на Европа го поздравуваат усвојувањето на посеопфатна законска рамка која забранува поттикнување на дискриминација, насилство или омраза врз верска основа, што „претставува солидна основа за заштита на поединците од националните малцинства пред дискриминација и експресно дозволува донесување на позитивни мерки во корист на овие етнички групи “.

Преземени се бројни позитивни конкретни мерки во корист на етничките групи, особено на Ромите. Националниот координатор за антисемитизам активно ги осуди манифестациите на ксенофобија. Финансискиот механизам за религиозни култови е реформиран во корист на муслиманската заедница. Благодарение на „пофалните напори“ направени од властите, стапката на запишување на училиште на деца Роми се зголеми, а бројот на напуштањата на училиштата постепено се намалува. Советодавниот комитет ги поздравува чекорите преземени за унапредување на работата на ромските посредници во образованието и здравството.

Во исто време, Комитетот забележува дека освен правото за изучување на мајчиниот јазик, не постои сеопфатна правна рамка која дава посебни права на лица од малцинства во областа на културата, медиумите, употребата на јазиците во размената со властите, топографските знаци или политичкото учество. Во националниот социо-културен пејзаж, застапеноста на бројно значајните турски и ромски малцинства не е пропорционална со нивната демографска големина. Посетувањето на курсеви за турски јазик како прв јазик падна за повеќе од половина во последните пет години; само многу малку деца учат ерменски и не се учи ниту еден друг мајчин јазик, било да е тоа грчки, ромски или романски.

За жал, состојбата со правото на лицата од националните малцинства за учество во јавните работи се влоши. Организациите што го претставуваат турското малцинство и многу организации кои работат со и за Ромите престанаа со своите активности со Националниот совет за соработка на етнички и интегративни прашања, сметајќи дека е неефикасен. Властите настојуваат да ја промовираат толеранцијата, но нивните активности редовно се поткопуваат со ксенофобични, антицигански, исламофобични и антисемитски изјави на високи политичари, на кои властите често не реагираат. Санкциите за говор на омраза остануваат изолирани случаи, се вели во мислењето на експертите на Советот на Европа.

Ромите и понатаму страдаат од тешката социо-економска нееднаквост во образованието, домувањето и вработувањето; тие сè уште се изложени на високо ниво на дискриминација. Постојат проблеми во врска со преминот на ромските деца во средно образование и квалитетот на образованието за овие деца. И покрај законската рамка која забранува присилна сегрегација, де факто сегрегацијата останува широко распространета, а акциите на властите за санирање на оваа состојба не се доволни, е на мислење Советодавниот комитет.

Комитетот им дава неколку препораки за итно постапување до бугарските власти: развивање и спроведување на нова сеопфатна стратегија за вклучување на Ромите од 2021 година, да продолжат да се фокусираат на приоритетот за пристапот на децата Роми до образование, проширување на програмата на образовни медијатори и борба против сегрегацијата. Протерувањето на Ромите од илегално зафатените домови треба да биде само мерка на последно средство и во согласност со принципите на недискриминација и пропорционалност. Властите треба да осигурат дека нападите и дискриминацијата врз основа на припадност на етничко малцинство навистина се истражуваат и одговорните се изведени пред лицето на правдата.

Комитетот исто така препорачува промовирање на наставата на јазиците на малцинствата од предучилишно и средно образование.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед во 15 часот: „Викенд без ДДВ“ тројно го зголеми прометот на македонски производи, 10.000 сообраќајни санкции за дваесетина дена, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се возат против поскапувањето на струјата

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk