ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе потклекне ли Борисов пред Каракачанов и Москва?

October 13, 2020 10:15
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Расправиите помеѓу Грција и Македонија и помеѓу Бугарија и Македонија се од различна природа. Со различни последици.

Со Грците имавме „имотно-правни“ недоразбирања како што двајца соседи се расправаат околу плотот – непријатна кавга која траеше триесетина години, но во која „геометрите“, на крајот, помогнаа да се симне оградата, откако ние решивме дека ќе се водиме од принципот „попаметниот попушта“: ја променивме таблата на влезот на плацот, добивме „имотен лист“ со катастарски печат од НАТО, без изгубен квадрат од духовниот и материјален имот. Тој успешно разрешен, а бесмислен спор, е веќе дел од балканската историја.

Со Бугарите, пак, недоразбирањата се како двајца браќа од исто семејство кои не можат да се разберат кого го сакал повеќе починатиот татко – еве, за потребите на оваа аналогија, да речеме дека „таткото“ се викал Гоце Делчев. Дополнително, Бугарите тврдат дека сме браќа-близнаци, еднојајчани, а ние тврдиме дека се работи за постар и помлад брат, со различна дата на раѓање, со свои формирани семејства и со изградени поколенија. И дека не ни пречи исто да го сакаме и славиме Делчев.

Со Грците „судски“ се спогодивме, адвокатските трошоци ги плативме ние. Ова со Бугарите е за психијатриско вештачење. Расправиите во семејствата се секогаш потешки од расправиите со соседите: има многу повеќе емоции од разум, бидејќи кога ќе се расприкажат разни тетки, стрини и вујковци, приказните се епски, семејните херои се само „наши“, а семејните предавници се само „нивни“.

Да речеме дека Бугарија, влезена во вителот на својата моментна внатрешно-политичка криза, ќе ја блокира Македонија на нејзиниот европски пат. Штетите за нас, несомнено, ќе бидат значителни. Патем, овдешните националистички тупаџии, секогаш потонати во сопствената етно-патетика, ќе продолжат да викаат дека биле во право, здодевна врева на која сме навикнале со децении.

Но, што добива Бугарија од тоа? Ќе се возобноват активните и пасивните меѓусебни  непријателства во двете земји, со продолжена националистичка „инвестиција“ и за следната генерација Бугари и Македонци на домашната политичка сцена и со продлабочување на непријателските сентименти и фрустрациите на двете страни. Ние од немајкаде ќе се вратиме (или, всушност, ќе ја продолжиме) политиката на развој на јужно-северната балканска оска, со засилување на српско-грчките влијанија во државава, со извонредна можност за Грците среднорочно да се етаблираат како наш „прозорец кон светот“, сега „растегнат“ на коридорот од Израел до Италија, преку Албанија, Косово и Црна Гора. Јужно крило на НАТО, Медитеран.

Регионално, Бугарија ќе остане „забетонирана“ во чувањето на европската јужна граница со Турција и ништо позападно од тоа, а подобрувањето на односите меѓу ЕУ и Турција се чини безнадежно до догледна иднина.

Софија, традиционално, извонредно ќе одработи за интересите на Атина и Белград на Балканот. Ќе ја пропуштат историската шанса на цивилизиран начин и без воени насилства, да се „факторизираат“ на источно-западниот коридор во регионот. И сето тоа по паметот на некаков Каракачанов, со резонот на Москва во позадина. И со можност од македонска страна повторно да добијат некаков „нов Груевски“ со кого, со право, со години не сакаа ни кафе да се напијат.

Бојко Борисов одлично разбира дека Македонија во ЕУ е исто толку важен приоритет за Софија, колку и за Скопје. Би било непристојно мешање во актуелната внатрешна политика на Бугарија овде да објаснуваме зошто, сепак, се двоуми како да постапи во сегашната македонско-бугарска ситуација.

Можеби е премногу да очекуваме уште еден извонреден балкански патриот како Ципрас во нашето соседство?

 


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk