ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Хиерархија на законски акти, или башибозук правда?

October 13, 2020 17:31
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЛИСА БАУТА ШАЌИРИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Лесно е да се изгуби човек во океанот од правни одредби, закони, подзаконски акти, договори и милион прописи кои навидум се привилегија на правниците.

Уште полесно се губиме во рекла-казала муабети, кои за жал, деновиве ни се сервирани малку повисоко од нашиот дофат, завиткани во „наметката” на закони или уредби.

За да ни биде појасно на сите, а и да се отворат прашањата на  кои одамна требаше да се одговори и  да се затворат, ќе се потрудам да бидам кратка.

Од усвојување на Рамковниот Договор, па до ден денес, актуелна е темата на вработувањата по “Рамковен”. Честопати дури тоа служи како синоним на некомпетентност или афирмативна акција не толку врз база на етникум, колку врз база на политичка припадност од една страна, и социјална и интелектуална инфериорност од друга страна.

Господинот Груби изјави дека „за жал” вработените по „Рамковен” не можело да се отпуштат од работа, па дури и да одбијат да работат. Понатака, тој објаснува дека имало случаи каде работникот одбива да работи во одредена институција, а притоа не смеело да се отпуштат од работа…

Од правна гледна точка, почнувајќи од начелото за праведност, преку Законот за работни односи и Рамковниот договор, па до Уставот на Република Северна Македонија, тоа што го тврди господинот Груби е неточно.

Имено, почнувајќи од договорите за вработување, па до Законот за работни односи, наведени се обврските на работодавачот и на Работникот, а исто така и низа прописи во однос на прекинување на работниот однос.

Член 82 од Законот за работни односи, недвосмислено, во став 1 точка 1 гласи:

(Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок) Член 82

(1) Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работ- ниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот:

1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година;

Уставот на РСМ гарантира еднаквост на сите граѓани пред законот, Рамковниот договор (член 4 став 1) гласи „Целосно ќе се почитува принципот на недискриминација и рамноправен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија (…)”

За жал, не успеав да најдам ниту еден Договор за вработување по ”Рамковен”, затоа се надевам дека ќе најдеме одговор на следниве прашања:

Дали Законот и Уставот важи за сите подеднакво? Дали Рамковниот договор спротивно на својата цел, ќе служи како алатка за нова дискриминација? Дали граѓаните на Северна Македонија ќе продолжат да се декларираат како од различен етникум според конкурсите за работа, за полесно да добијат работно место? Дали некој води сметка за тие кои не живеат во РСМ а се водат како вработени тука и примаат плата од нашите даноци?

И дали некој ќе понесе одговорност за исплатување плата на вработен кој не се појавува на работното место?

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk