ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонска пошта тоне во долгови, ќе се приватизира ли единствената пошта во Европа со владина монополска позиција

October 15, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со целосна приватизација, или со јавно приватно партнерство, Владата бара решение за Македонска пошта како еден од главните државни загубари кои со години натрупуваат само долгови.

На последната владина седница, Влада ги задолжи вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Рустеми, да иницираат подготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство, или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.

– Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за еконоски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања за намерите на Владата за Македонска пошта.

Тој додаде дека земјите со кои се натпреваруваме се со приватни пошти, или со пошти со доминантно приватен капитал.

– Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, или Полска, за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски сообраќај и услуги за граѓаните, истакна Заев.

Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, со што најави дека се подготвува теренот за продажба на Македонска пошта.

Каквo e работењето на Македонски пошти според Статистичкиот извештај за поштенски активности за 2018 година?

Од она што може да се види во последниот јавно достапен Статистичкиот извештај за поштенски активности за 2018 година, бројот на вработени во поштенскиот сектор во 2018 година кај сите даватели на поштенски услуги изнесува 2,971 лица, од кои 2,141 се вработени во Пошта на Северна Македонија, а останатите 830 во компаниите на останатите даватели на поштенски услуги.

Вкупен број на вработени во поштенскиот сектор. Статистички извештај за поштенските активности за 2018 година

Од извештајот се гледа дека бројот на вработени во 2018 година е намален во однос на претходната година за 4,6 %, додека бројот на вработени кај останатите даватели на поштенски услуги е намален за 0,7%.

Според сите параметри има пад и загуби во работата на Македонска пошта

Македонска пошта според извештајот на Државниот завод за ревизија остварува во континуитет загуби на годишно ниво од околу 2.7 милиони евра, а вкупната загуба е околу 10 милиони евра.

Обемот на поштенскиот пазар во Македонија во 2018 година, според  Статистичкиот извештај за поштенски активности за 2018 година, изнесувал 39,025,313 милиони поштенски пратки. Сметајќи на ниво на вкупниот пазар, ова изнесува намалување од 3,87 % во споредба со 2017 година.

Во текот на 2018 година Македонска пошта остварила вкупен обем од 35 милиони поштенски пратки, при што може да се забележи намалување во однос на 2017 година.

Вкупен обем на поштенски пратки -Пошта на Северна Македонија (2014/2018 година). Статистички извештај за поштенските активности за 2018 година

Од графикон забележително е дека Македонска пошта има намалување на вкупниот обем и во однос на 2014 година за околу 24,5%.

Според сите параметри има пад во обемот на пратки.

Обем на пратки за коресподенција – Пошта на Северна Македонија 2014-2018. Статистички извештај за поштенските активности за 2018 година

Следејќи ги податоците од табелата се гледа дека вкупниот обем на пратки за коресподенција наназад неколку години постојано опаѓа и тоа за значителни 7 % во однос на 2017 година, односно за 25 % во однос на 2014 година.

Во 2018 година се забележува големо опаѓање и на обемот на пакетите во однос на 2017 година и тоа за 20 %.

Број на пакети – Пошта на Северна Македонија 2014 -2018 год. Статистички извештај за поштенските активности за 2018 година

И вкупниот приход кај сите даватели на поштенски услуги во 2018 година во однос на 2017 година е намален за 3,7 %.

Движење на приходите кај давателите на поштенските услуги 2014/2018 година (изразено во денари). Статистички извештај за поштенските активности за 2018 година

После најавата на Владата и објавените намери да се приватизира или да се овозможи јавно приватно партнерство за Македонска пошта и во јавноста се разви широка дебата.

– Македонска пошта е единствен пример во Европа каде што вакво претпријатие и оваа дејност е во директна владина сопственост со монополска позиција, објави новинарката Катарина Синадиновска, авторка и водителка на емисијата „Агенда 35“.

Таа истакнува дека Македонска пошта е меѓу најголемите работодавци во земјава, а од друга страна континуирано тоне во милионски долгови и е зачудена од негативните реакции после најавеното приватизирање на Македонска пошта.

Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ, импулсивно излегоа со обвинување на ваквите намери.

„Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев, пак истакнува дека ваквите трансформации не значат дека некој ќе изнесува нешто надвор од државата, бидејќи тие фирми остануваат и ќе работат тука, додавајќи дека такви идеи има за повеќе компании, како  „Македонски Железници – Транспорт“, ТЕЦ „Неготино“, „Еврокомпзит“.

Тој оцени дека многу институции во државата покажале дека на овие компании мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот“ и затоа се зрели за јавно-приватно партнерство или за приватизација.

Токму и пандемијата од Ковид-19, а посебно пропаѓањето на Еуростандард банк, уште повеќе придонесе за зголемување на долговите на Македонски пошти.

Обид за продавање на Македонска пошта имаше и владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Груевски во 2009 година, но тоа заврши неуспешно. Тогаш Канадска пошта“ понудија инвестиција од 40 милиони долари, и отстапување на Македонска пошта во наредните 20 години, но откако после двогодишно преговарање тогашната влада се премисли во своите намери, Македонија и плати на Канадска пошта пенали во износ од околу 200 илјади канадски долари.

Пазарот на поштенски услуги во Македонија од 1 јануари 2021 година треба да биде целосно либерализиран. Тоа е пропишано со сегашните одредби на Законот за поштенски услуги, кои предвидуваат укинување на резервираната област. На 31 декември годинава, завршува петтото пролонгирање на либерализацијата, дадено на барање на Македонска пошта.

Која од понудените две опции (преземање со јавно приватно партнерство или целосна приватизација) ќе се избере останува да видиме. Во препораките на сите извештаи од ЕУ и се препорачува на С. Македонија продажба на Македонска пошта, но досега ниедна влада се нема одлучено конечно да го заокружи тој процес.

 

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk