ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид-19, најзастапена групата од 30-39 години

October 15, 2020 07:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте. Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани  445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови починаа девет лица.

И понатаму најголемиот број на активни случаи се регистрирани во Скопје, близу две илјади,а  само вчера  беа регистрирани 249 новозаразени со коронавирусот. После главниот град со најголем број  активни случаи, 281, е  Струмица,  по што следат Тетово со 226 и Куманово со 168 осум активни случаи.

Ситуацијата со активните случаи драстично е променета во скопските општини. Ако до вчера на прво место со активни случаи со Ковид-19 беше општина Чаир, тоа денеска е Општина Аеродром, со вкупно 400 активни случаи. Потоа следи Општина Центар, со 352 активни случаи, Карпош со 344 пациенти со корона вирусот, Кисела Вода, со 232, Гази Баба со 180 случаи. Најмал број активни случаи во другите скопски општини има во Шуто Оризари, 13 активни случаи, Бутел 73 и Чаир 84 активни пациенти со Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 21 636, на оздравени пациенти е 16 591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.

Најзастапена група новозаразени од Ковид-19, според последните податоци објавени од Институтот за јавно здравје, се лица на возраст 30-39 години. Истовремено од ИЈЗ посочија дека во последниот период се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

– Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6 отсто), 20-29 (n=414; 18,5 лотсто), над 60 (n=405; 18,1 отсто) и 50-59 (n=343; 15,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=132; 5,9 отсто). Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1 отсто), регистрирани се 94 (7,1 отсто) хоспитализирани, а кај 319 (23,7 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1 отсто) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6 отсто) лица со историја на патување (во последни 14 дена), информираа вчера од Министерство за здравство.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.

Пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица.

Освен препораките предложени од минатата недела министерот за здравство, Венко Филипче, вчера истакна дека до овој момент нема потреба од други дополнителни рестрикции поради Ковид-19. За да може сите овие препораки како што се забрана за собири повеќе од четири лица во домашни услови и носење на маска на отворено, како што изјави вчера министерот Филипче, неопходно е да се направат законски измени. Според него, најбрз начин е да се интервенира амандмански во Законот за заштита на населението од заразни болести кој е веќе во собраниска процедура.

Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври, вкупно се тестирани 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 или 32,5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17,2 отсто или 5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Next Post
Фото: МИА

Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процeс

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk