Долната облека најдобро може да се опише како уникатен интимен начин кој им помага на луѓето од сите полови да се чувствуваат посебно, самоуверено и секси. Долна облека обично се произведува од пријатни ткаенини како лен, свила и различни видови чипка и разновидни мрежи. Моделите на долна облека се меѓу најсексипилните во модната. Нивната заработка е огромна, а во последните години на модните писти им конкурираат, во прв ред Инстаграм, но и други социјални мрежи. Нивните следбеници на Инстаграм се мерат во милиони. Ова е прегледот на топ 10 модели на секси долна облека на Инстаграм, според порталот Њујорк стил.
Кендис Свејнпул (Candice Swanepoel)
Кендис Свејнпул е од Јужна Африка и прогласена е за највлијателен Инстаграм модел во светот. Таа има 14,7 милиони следбеници на оваа социјална мрежа. Приходите од своето позирање ги употребува во филантропски проекти. Кендис е дел и од Victoria’ Secret Angel.
Алексис Рен (Alexis Ren)
Алексис Рен е Американка и има 14 милиони следбеници на Инстаграм. Таа се наоѓа на насловниците на магазинот Maxim и на други светски часописи и онлајн магазини.
Ана Чери (Ana Cherí)
Ана Чери си води свој Booty Boot Camp и има 12,5 милиони Инстаграм следбеници. Таа е Американка и има 31 година. Нејзината заработка се проценува дека е повисока од повеќето актери на светската „А“ листа.
Абигејл Речфорд (Abigail Ratchford)
Абигејл Речфорд е Американка и има 9 милиони следбеници на Инстаграм со приходи кои се мерат со оние на светските топ модели. Позната е по своите провокативни пози.
Роузи Хантингтон-Вajтли (Rosie Huntington-Whiteley)
Роузи Хантингтон-Вajтли е Англичанка, поранешна моделка на Victoria’s Secret, а настапува како актерка во холивудски филмови. На Инстаграм има „скромна бројка“ од 65,7 илјади следбеници.
Вики Одинцова (Viki Odintcova)
Вики Одинцова е од Москва, Русија. Нејзините фотографии на Инстаграм се вистински успешна реклама за долната облека, луѓето едноставно итаат во бутиците и ја бараат облеката што таа ја носи на фото сесиите. Таа е висока 173 сантиметри, а на Инстаграм ја следат 5,1 милиони луѓе.
Натали Говре (Natalie Gauvreau)
Натали Говре е 34-годишна моделка и актерка од Торонто, Канада, но голем дел од времето минува во Далас, САД. Настапувала со споредни улоги во неколку познати ТВ серии како „Никита“, „Л.А. комплекс“ и други. Има 2,8 милиони следбеници кои ги излудува со своите провокативни пози и пораки.
Дита фон Тиз (Dita von Teese)
Дита фон Тиз е американска 45-годишна „Кралица на бурлеската“ или, како што самата се претставува, „Евангелистка на гламурот“. Таа важи за една од најсекси моделите што се на Инстаграм. Има 2,5 милиони следбеници. Родена е во 1972 година и, покрај позирањето како модел, таа е и актерка, танчарка, но и деловна жена.
Софија Јамора (Sofia Jamora)
Софија Јамора e професионална манекенка и инфлуенсерка на социјалните мрежи. Има само 23 години и родена е во Калабасас, Калифорнија, САД. Има 2,8 следбеници на Инстаграм.
Најан Лабаџоа (Nyane Labajoa)
Најан Лабаџоа е блогерка која пишува за мода. На фотографиите се појавува со голем број свои креации и стилови. Има 26 години и родена е во Мидлсбро, Англија. Ја следат 1,4 милиони луѓе на Инстаграм.