ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

October 16, 2020 22:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 39.388.943 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.105.915 пациенти, а оздравеле 29.508.233 луѓе.

– Во Русија во изминатите 24 часа се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Кризниот штаб на таа земја. Истовремено потврдени се и 232 починати лица. Вкупниот број на заразени досега во Русија изнесува 1.369.313, а починати се 23.723 пациенти.

– Во Хрватска во изминатото деноноќие се регистрирани 1.131нов случај на зараза со Ковид-19 и еден смртен случај. Според експертите, доколку бројот над 1.000 заразени се задржи десетина дена, тоа би го довело во опасност функционирањето на здравствениот систем на Хрватска. Од 25 февруари досега вкупно се потврдени 23.665 инфицирани лица со новиот коронавирус, а 345 се починати. Вкупно се оздравени 19.087 луѓе, од кои 459 во изминатите 24 часа. Во самоизолација моментно се наоѓаат 17.242 лица.

– Во Словенија бројот на заразени од коронавирус продолжува да се зголемува, а според последните податоци на Владата, во изминатите 24 часа инфицирани се уште 834 луѓе, додека четири пациенти починале. Во земјата досега од последици на вирусот починале 180 лица, заразени се 11.517, а моментно се активни 5.413 случаи.

– Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 265 новозаразени од Ковид-19, а од тоа 40 отсто, или 106, се од Белград. Во истиот период починале две лица, што е вкупно 772 смртни случаја од почетокот на епидемијата. Хоспитализирани се 365 шациенти, а 23 се приклучени на респиратори.

– Двајца починати, 104 заразени и 42 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во изминатие 24 часа во Косово. Според официјалните статистики на здравствените власти во Приштина, од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 652 смртни случаја, 16.606 заразени и 14.560 лица кои ја совладале болеста. Бројката на активни носители на вирусот моментно изнесува 1.393. Вчера се извршени рекорден број тестирања од почетокот на пандемијата, вкупно 889, а министерот за здравство Арменд Земај најави дека таа бројка и натаму ќе расте. Од почетокот на пандемијата тестирани се вкупно 78.160 лица.

– Бројот на новозаразени од коронавирус во Велика Британија се зголеми денеска за 15.650, соопшти британската Влада. Тоа е намалување во однос на вчерашниот број инфицирани, кој изнесуваше 18.989. Од Ковид-19 починаа 136 лица, што е за два смртни случаја помалку од вчера.

– Руските компании го зголемија капацитетот на производство на медицински маски од 600.000 кон крајот на март на речиси 20 милиони маски дневно, изјави рускиот министер за индустрија Денис Мантуров.

– Бројот на заразени случаи со коронавирус во Црна Гора се зголеми во споредба со вчера. Во изминатите 24 часа се регистрирани 273 новозаразени лица, а седум луѓе починаа.

– Во Грција во изминатото деноноќие се потврдени 508 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата во еден ден, а починаа осум пациенти. Досега вкупно во земјата се регистрирани  24.450 заразени и 490 смртни случаи, на просечна возраст од 79 години. Моментно активни случаи се речиси 14.000, а во критична состојба се наоѓаат околу 80 пациенти.

Next Post

Вучиќ: Малиот Шенген не е само моја идеја, туку и на Зоран Заев и Еди Рама, наскоро виртуелна конференција

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk