ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Само мртов комуњара е добар комуњара“?!

October 16, 2020 10:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Јас разбирам дека во секое општество има еден мал процент умоболници кои, после трагичната погибија на младиот лекар и активист на СДСМ на скопска „Рузвелтова“, напишаа грозоморни „идеолошки“ пораки, отворено радувајќи се на неговата смрт. Велам, разбирам, бидејќи политички и ментални ѓубриња секогаш и секаде имало и ќе има, тоа и во попристојни демократии, со поинакво ниво на политичка култура, е просто прашање на статистика.

Но, замислете го овој гест: претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ да издадеше кратко соопштение – тоа на времето се нарекуваше „телеграма“ – со сочувство до семејството и до своите политички опоненти за оваа, пред сè, човечка, а потоа и партиска загуба од спротивниот табор?! Или, не дај Боже, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, пред да ја почне редовната дневна прес-конференција, да каже само една реченица со сочувство, па да помине на барање оставки од списокот за тој ден?!

Замислете каков политички ефект би имал тој едноставен гест на елементарно домашно воспитание, па и на основна политичка култура, не само за неутешното семејствo, туку и за потресената, а делумно и збрлавена јавност во земјава!

Нема тоа да се случи, ни сега, ни во догледна иднина. Тој злокобен менталитет на „Ќосето“ упорно се негува во еден опозициски политички круг – можеби Деветтиот, резервиран за злонамерните гревови? – а можеше да се чуе и во бројните објавени снимки од прислушуваните приватни разговори, каде јасно доаѓаат до израз бесчувствителноста во многу случаи кога се поставуваа експлозиви, се препорачуваа ендеци за политичките противници или тие да бидат „сотрени“, кога цинично се коментираа загинувањата на Младенов или Нешковски… Или кога и денеска се тврди дека во „Шамарите во Центар“ немало „шамари“… Всушност, можеби современата генеза на оваа омраза треба да се побара уште пред десетина години, во она патолошко писмо на лидерот од Будимпешта од 2009 година за „последна пресметка со неистомислениците“…

Таквата страсна атмосфера од тој болен „Деветти круг“ потоа се преточува во различни пакувања на отров во општеството. Во најекстремните случаи се манифестира со насилство во масовни размери, како собраниските настани од 24 декември 2012 година или како 27-априлскиот обид за крвав државен удар во Собранието; но и во помали, персонални дози, како сега со абдаливе на фејсбук.

Тезата е дека, за жал, ваквата грда „поединечност“ произлегува од „општоста“ што се социјализира низ партискиот менталитет според кој „само мртов комуњара е добар комуњара“. После нема лутење што на некои будали, негувани во таква духовно гнила партиска култура, тоа ќе им текне и да го напишат на фејсбук.

А за промена не е потребно многу: симболиката на едно искрено сочувство во момент на трагедија може да значи повеќе од сто лицемерни политички прогласи. Зошто во македонската политика да нема и малку човештилук?


Сите права се задржани.

Next Post

Конзулов за Зелен ЦИВИЛ: Сите губат кога во едно општество растат етничките тензии

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk