Балканските и Европските земји се соочуват со драматичен раст на бројот на новозаразени со КОВИД-19. Грција која беше една од трите Европски земји во таканаречената зелена зона, денеска регистрираше 482 новозаразени со коронавирусот.
Дури и земји кои со број на население се блиску со нашата земја, денеска забележаа алармантни бројки. Таков случај е Словенија која има 2 милиони население, а денеска регистрираше 898 позитивни случаи, што е драстично поголем број од заразените во Северна Македонија каде денеска имавме 594 нови случаи.
Во Хрватска денеска биле констатирани +1,096 нови позитивни случаи, а во БиХ +716. Од европските земји има и држави каде до скоро се веруваше дури дека ситуацијата е надмината. Од најалармантните држави во Европа денеска се истакнаа: Унгарија +1,791, Словачка +1,968, Белгија +10,192, Италија +10,925, Велика Британија +16,171, Франција +32,427.
Со вакви бројки Балканот и Европа влегуват во нов уште посериозен бран со пандемијата, а надлежните алармираат за поголема претпазливост и мерки за заштита од понатамошно ширење на вирусот.
A. Зеќири