Во рамки на засилената акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола вчера се изречени вкупно 233 санкции, соопштија денеска од МВР.
За измината важност на сообраќајната дозвола санкционирани се 27 (нерегистрирани возила), 40 за возење без возачка дозвола, 34 за пречекорување на брзина.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштија од МВР.