Од денес, белградската Арена е привремена болница, која ќе може да прими 510 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.
Медицинскиот координатор на привремената болница, потполковник Предраг Богдановиќ соопштил дека има 360 кревети на партерот и 150 кревети на третиот кат, каде што се ВИП ложите.
Во привремената болница има 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти. Пациентите ќе бидат згрижени од медицински персонал од 15 здравствени установи.





