ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хасани: Се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но постои можност да ги засилиме

October 20, 2020 21:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од ковид-10. Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме, посочи вечерва заменик министерот за здравство, Илир Хасани.

Според Хасани, непопуларно е да се зборува за социјалните мерки, особено за рестриктивните мерки во однос на движење на граѓаните, што е основно човечко право, но за жал тоа се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата.

– Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивните мерки, тоа не значи дека треба да се опуштаме туку во доменот на долната граница што е разумна за да во секој момент се има ефект од мерките. но во никој случај не се исклучува дека рестриктиктивните мерки ќе може да ги засилиме врз основа на бројката која што се зголемува последните недели, посочи заменик министерот во гостувањето во телевизијата 24.

Прашан дали ќе има санкции за оние политичари кои организираат свадби и разни веселби, Хасани појасни дека не може претсавници од власта или претставници од некои други групации кои би требало да бидат пример за граѓаните да ги прекршуваат законите односно правилата.

Тој додаде дека го осудува актот на организирање свадбени веселби и посочи дека е потребно да се направи соодветна епидемиолошка анкета и тестирање на сите кои учествувале на вакви настани.

– И јас треба да бидам пример за сите граѓани како треба да се однесувам во јавноста. Јас треба да не примам повеќе од четворица гости дома и да не идам на журки во Приштина. Генерално го осудувам тој акт и инсистирам истото да се проследи односно да се направи соодветна епидемиолошка анкета и тестирање на сите кои учествувале на вакви настани без оглед дали станува збор за крштевки, ифтари, дали се бајрами генерално го осудувам такво осудување со непошчитување на мерки затоа што на крајот сите се бориме за нас, нашите најбслики и целото население, посочи Хасани.

Како што рече, најголемиот противник можеме да го победиме само на еден начин, а оружјето се наоѓа во рацето на луѓето, и на претставниците на власта кои се капитените на овој брод.

– Инсистирам да се проследи настанот понатаму, не е прашање дали ако ги поминеме границите ќе ги почитуваме нашите правила од нашата држава, дали ние како Министерство или Влада или МВР ќе може да применуваме закони во другата страна на границата, не е во тоа суштината, туку е во прашање социјалната одговорност на критичните луѓе, не е во ред да се избегне одговорност, додаде тој.

Хасани информира дека е во тек набавката на брзите ковид тестови што ги најави Министерството за здравство, и кога ќе заврши набавката, тие ќе бидат наменети за широка употреба.

Тој очекува до крајот на годината да завршат сите клинички испитувања на „Ковакс“ вакцината против коронавирусот, а откако ќе завршат испитувањата, ќе почне дистрибуцијата.

– Очекуваме дека до крајот на годината би требало да се завршат сите клинички испитувања на вакцината. Ќе почекаме додедека ги имаме првите сигурни резултати, со кои што ние покажуваме дека сме на добар пат за заштита на здравјето на пациентите, кое не смее во ниеден случај не го ризикуваме. Откако ќе поминат сите клинички испитуцања за вакцината, тек тогаш ќе почне дистрибуцијата. Колку, кога и на кого ќе се дава и во кој процент, се многу специфични работи кои треба да се дефинираат од кога ќе ја имеме вакцината, посочи Хасани.

Next Post

Шилегов: Намалениот број на загадени денови ми дава надеж

Најново

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk