За борбата против загаденоста не е некоја борба на која можете лесно да ѝ најдете чаре. Таа борба која се одвива на многу фронтови и ако се одвиваат сите паралелно ќе може да ја добиете битката, а тоа е намалување на бројот на загадени денови, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Топ тема.
„Она што ми дава надеж е дека бројот на загадени денови во Скопје се намалува. Од кога сум градоначалник воведовме 27 мерки кои навидум не се атрактивни, но даваат резултат. Од палењето на огнови на отворено, од субвенционирање на чистење на оџаци, инвертер клими, еколошките автобуси“, рече Ш