ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ на онлајн конференција Глобален дијалог на министрите за правда: Пандемијата донесе предизвици и во правосудството

Во поглед на пристапот до правда за сите граѓани, министерот Маричиќ истакна дека Северна Македонија е активно вклучена во Отвореното владино партнерство и е единствената држава од Западен Балкан со заложба да го подобри пристапот до правда, особено за маргинализираните групи во општеството.

October 20, 2020 20:58
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Министерството за правда на Канада, ОЕЦД и глобалната иницијатива Отворено Владино партнерство, денеска се одржа онлајн конференција насловена како „Глобален дијалог на министрите за правда за обезбедување правда за сите во време на глобална криза“.

На настанот учество зедоа голем број на министри за правда од целиот свет, кои дискутираа и споделија искуство како тие се справуваат со последиците од пандемијата во правосудството. На темата, свое обраќање имаше и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој ги презентираше мерките кои Република Северна Македонија ги презела во поглед на заштита на здравјето на сите странки во постапките пред судовите и обвинителствата.

Министерот Маричиќ истакна дека преку владините уредби за време на вонредната состојба, судовите и обвинителствата постапувале единствено по итните случаи, како и за оние за кои постоело опасност да застарат, но дека одредени судови ја искористиле можноста да продолжат со одржување на рочиштата онлајн.

Воедно, Маричиќ потенцираше дека во еден случај на онлајн судење, сите странки од постапката пред судот се вклучиле од различни градови, а обвинетиот пак од притвор, што според министерот се покажало доста ефикасно и во интерес на сите странки во постапката.

Во поглед на пристапот до правда за сите граѓани, министерот Маричиќ истакна дека Северна Македонија е активно вклучена во Отвореното владино партнерство и е единствената држава од Западен Балкан со заложба да го подобри пристапот до правда, особено за маргинализираните групи во општеството.

Со оглед на потребата од поголема отвореност на судските институции и враќање на довербата на граѓаните во судството, Маричиќ најави дека Северна Македонија ќе започне ново поглавје од Отвореното владино партнерство и дека ќе ја поддржи подготовката на првиот акциски план за Отворено судство.

Next Post

Вечерен преглед на вести: Учениците ќе ги добијат првите оцени до 20 ноември; Димова ќе биде разрешена; редуциран јавен превоз, администрација во смени...

НАЈНОВО

Само четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

November 3, 2025
Скриншот

Хаити во тридневна жалост по ураганот „Мелиса“

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk