ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи – Радман: Мора да продолжи европската интеграција на западниот Балкан

October 20, 2020 14:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на работната посета на Република Хрватска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари средба со својот хрватски колега Горан Грлиќ Радман.

Како што соопштија од МНР, билатералните односи биле оценети како динамични и пријателски, со интензивен политички дијалог на највисоко ниво, преку успешна соработка во бројни области од взаемен интерес.

За двајцата министри Османи и Радман, продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ, се наведува во соопштението, ќе биде позитивен сигнал за целиот Регион како суштински интерес и на земјите – членки на Унијата, за европски Западен Балкан.

– Европската унија треба да донесе неколку исклучително важни чекори и одлуки за нас, и тоа: да ја одобри преговарачката рамка за пристапните преговори, да ја закаже првата Меѓувладина конференција и да започнат и формално пристапните преговори. Сакам да бидам искрен, со оглед на постигнатиот реформски напредок, со оглед на нашиот долг европски пат, сметам дека заслужено очекуваме ова да се случи до крајот на оваа година, за време на германското Претседателство со Советот на ЕУ, рекол министерот Османи.

Тој упатил благодарност до колегата Грлиќ – Радман, за силната поддршка од страна на Хрватска за нашите европски амбиции, која беше крунисана со одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите во рамки на Хрватското претседателство со ЕУ во првата половина од годинава.

– Круна на таквата поддршка беше одлуката за почеток на пристапни преговори на нашата држава со ЕУ во март оваа година, за време на Вашето претседателство, а Декларацијата од Загреб 2020 беше дополнителна поткрепа на определбата на земјите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, нагласил Османи на средбата.

Шефот на дипломатијата Османи го информирал министерот Радман за неговата посета на соседна Бугарија, потенцирајќи ја притоа важноста од продолжувањето на меѓусебната комуникација на највисоко ниво, како единствен начин за надминување на евентуалните разлики и отстранување на сите предизвици за нормален контиуитет на европските интеграции на Северна Македонија.

– Ги засиливме политичките комуникации со соседна Бугарија на повеќе нивоа, а својата работа ја интензивираше и заедничката мешовита комисија за историски прашања. Верувам дека во периодот што следи соодветно ќе ги адресираме сите предизвици, и нема да дозволиме да пропадне големата заедничка политичка инвестиција за европските перспективи на целиот регион, потенцирал Османи.

Министрите Османи и Радман се осврнале и на соработката во рамки на НАТО, економската соработка, туризмот, иницијативата за отворање на Културно-информативни центри во Скопје и Загреб, како и за активностите врзани за заштита и промовирање на правата на малцинствата во двете земји, кои претставуваат мост за меѓусебно зближување.

– Посебно се осврнаа на актуелните состојби во регионот и пошироко, регионалната соработка, вклучително и мерките за координација во справувањето со Ковид-19, стои во денешното соопштение од МНР.

Next Post

(ВИДЕО) Состојбата на претходниот и стационарот Лајка сега

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk