Град Скопје со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици, велат од Град Скопје.
Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња објави на Фејсбук Шилог во прилог на видеото во кое е споредена состојбата на претходниот стационар, со стационарот Лајка сега.
Градоначалникот Шилегов вели дека е направена целосна реконструкција, создавајќи модерен стационар по најнови европски стандарди. Затоа што веруваме дека работите секогаш може да ги направиме подобри!
Оттаму истакнуваат дека новиот стационар за кучиња на ЈП „Лајка“ е нов и модерен стационар, согласно со сите европски стандарди за ваков вид на објекти.
Ј. Ѓ.