Во Словенија од денеска на сила е полициски час од 21 до 6 часот наутро.
Исто така, од денес е забрането да се собираат повеќе од 10 лица, а за поголемите ученици наставата ќе се одвива преку интернет.
Се додава дека списокот ќе се менува во зависност од развојот на ситуацијата.
Во седумте региони, кои се наоѓаат на црвената листа, важи и забраната за организирање настани, собири, свадби и црковни церемони.
Во сила е и обврската да се носат маски во затворено, на отворено, во автомобил кога се превезува лице што не е член на исто домаќинство. Кога станува збор за границите, засега остануваат истите правила.