Владата е подготвена да разговараме за декриминализација и депенализација на канабисот преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, одговори новиот портпарол на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција на прашањето од ЦИВИЛ Медиа.
„Во овој момент одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за истото, издадено од Министерството за здравство, а претходно со добиено согласност од Владата. Досега има издадено 55 одобренија, на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднесено барање кои се на повторен увид во владина процедура“, изјави Арсовски.
Аросвски додаде е потребна широка стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија и медицинската фела за да се видат ефектите од користењето, системот за контролирање…
Ј. Ѓ.