ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

На денешен ден 1887 година Тесла пријавил шест изуми во Бирото за патенти во Њујорк, меѓу нив асинхрон мотор и повеќефазна наизменична струја

1964.- Во Шибеник е роден Дражен Петровиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска загина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година.

October 22, 2020 08:15
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по што Русија излегла како нова сила на Балтикот, Петар Велики се крунисал за цар. Тој извршил многу важни реформи со кои Русија ја извел од средновековната заостанатост.

1752.- Умрел Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфатил и ги продлабочил придобивките на италијанскиот барок. Компонирал и ораториуми, концети за чембело и црковна музика. Роден бил на 2 мај 1659 година.

1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употребил падобранот, скокајќи од балон над Париз на висина од 680 метри.

1811.- Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој бил пијанистички виртуоз, кој изградил модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе оставил нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умрел во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година.

1882.- Умре унгарскиот писател Јанош Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, бил најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминирал во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен.

1883.- Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно било отворено зданието „Метрополитен опера“.

1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхрон мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупила фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажала на светската изложба во Чикаго во 1893 година.

1887.- Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција.

1906.- Умрел Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работел во духот на импресионизмот, а подоцна се откажал од аналитичкиот метод и правел синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Извршил големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се: „Сина ваза“, „Коцкари“, „Планината Сен-Виктоар“ и други. Роден бил на 19 јануари 1839 година.

1917.- Во Прилеп е роден Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, во Кичево, во Велес и во Сиудат Мексико. Автор е и на повеќе мозаици. Умрел во Скопје, на 16 јуни 1993 година.

1943.- Родена е француската актерка Катрин Дорлек, позната како Катрин Денев. Во 1994 година била именувана за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

1953.- Благодарение на борбата на ослободителната армија на Патет Лао, Лаос се стекнал со независност од Франција под чија управа бил од 1893 година.

1962.- Претседателот на САД, Џон Кенеди наредил морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметал дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се нашол во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можело да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер-сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов довела најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД дека нема да ја нападнат Куба.

1964.- Во Шибеник е роден Дражен Петровиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Поранешниот репрезентативец на Југославија и Хрватска загина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година. Тогаш хрватскиот кошаркарски великан имаше 28 години. Кошаркарскиот „Моцарт“ кратката, но импресивна кариера, ја почна во Шибенка, па премина во Цибона. Продолжи во Реал Мадрид, од каде отиде во НБА во тимот на Портланд. Последен негов клуб беше Њу Џерси. Петровиќ освои многу медали во репрезентативните и клупските натпреварувања.

1964.- Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр ја одбил Нобеловата награда за литература.

1973.- Умрел шпанскиот виолончелист од каталонско потекло Пабло Казалс, професор на Конзерваториумот во Барселона и Париз, кој од 1938 година како противник на диктаторскиот режим на Франциско Франко, живеел надвор од Шпанија. Настапувал ширум светот пленејќи ја публиката со совршенство и топлина во интерпретацијата на композициите.

1991.- На општите избори во Турција, победила Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.

1995.- Во Харлем, црнечко предградие на Њујорк, топло бил поздравен кубанскиот водач Фидел Кастро, долгогодишен непријател на американската администрација, кој дошол во Њујорк по повод 50-годишнината од основањето на Обединетите нации.

1997.- Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, била продадена за 810.000 австралиски долари на градежна фирма.

1999.- Поранешниот герилски водач Ксананa Гусмao од затвор во Индонезија тримфално се врати во Источен Тимор, некогашна португалска колонија.

2007.- Прогласен бил новиот устав на Црна Гора.

2014.- Познатиот американски новинар Бен Бредли, главен уредник на „Вашингтон Пост“ од времето на аферата Вотергејт во 70-те години на 20-от век, починал во својот дом на 93-годишна возраст. Бредли станал познат по откривањето на скандалот, кој во 1974 година предизвикал оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон, но неговата заслуга е што успеал да го претвори овој вашингтонски весник во еден од најугледните и најпочитуваните гласила во САД. Тој бил главен уредник на весникот од 1968 до 1991 година, а во 2013 година бил одликуван со претседателски Медал на слободата, највисокото американско цивилно одликување. Уште како млад новинар станал близок со Џон Кенеди, со кого бил пријател и кога овој демократски политичар бил претседател на САД.

Извор: МИА

Next Post

Трла баба лан, да јој проѓе дан

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk