ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Обвинение за Горанчо Пановски, поранешен градоначалник на Чашка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

October 22, 2020 15:26
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против Горанчо Пановски, поранешен градоначалник на општина Чашка, за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик, пренесува МИА.

На обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, му се става на товар дека во својство на службено лице – градоначаник на општина Чашка ја искористил својата службена положба и овластување и предизвикал значителна имота штета на Општината во висина од 1.357.826 денари.

– Обвинетиот на 17.12.2015 година во име на Општината склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој,  за исплата и користење на средства во висина од 14.486.226 денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2015, наменети за реконстуркција на делницата од локалниот пат  село Мокрени – место викано Теовски Уши. Вкупниот потребен износ средства за реконстуркција на патот биле 17.093.747 денари со вклучен ДДВ, кој паѓал на товар на Општината. Потоа, на 10.12.2015 година обвинетиот во име на општината, по спроведена постапка, склучил Договор за јавна набавка на работи со ГД Изгрев инженеринг ДООЕЛ Велес и извршил уплата на авансни средства во висина од 2.897.245 денари кои претходно Агенцијата ги исплатила на Општината, се наведува во соопштението.

Откако изведувачот ги завршил градежните работи и доставил завршна ситуација на градбата, како што посочуваат од ЈО, обвинетиот како градоначалник на Општината бил должен да изврши уплата на целиот долг. Но, иако согласно  одредбите од договорот со Агенцијата, било забрането Општината како корисник на средства од Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој да врши нивна пренамена, обвинетиот од доделените наменски средства за реконстукција на патот уплатил 5.777.855 на изведувачот, а останатите средства во висина од 5.315.369 денари ги искористил за подмирување на други тековни обврски на Општината.

Поради ненаплатениот износ за извршените работи во висина од 8.418.288 денари со вклучен ДДВ, изведувачот повел постапка за присилна наплата на побарувањето. Во текот на извршната постапка, покрај основниот долг, биле наплатени и трошоци за извршување, за адвокатски услуги и за камата за задоцнето плаќање, за кои заклучно со 25.4.2018 година од сметката на Општината биле повлечени средства во износ од вкупно 1.357.826 денари, за кои Општината е оштетена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Откриено големо наоѓалиште на нафта и гас во близина на балтичкиот брег на Полска

July 22, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за Тетово, ДУИ соопшти дел од кандидатите за градоначалници

July 22, 2025

Милошоски за заедничката резолуција со Бугарија вели била разумна и аргументирана, но има скептицизам дека Софија нема да прифати

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk