ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врачени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за 2019 година

October 22, 2020 13:56
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ја промовираме слободта и одговорноста на новинарите  да истражуваат и да пишуваат без страв на теми од јавен интерес Одговорноста на новинарството, а особено на истражувачкото новинарство е да ги примени највисоките професионални и етички стандарди во работата за нивните текстови да бидат прецизни, авторитетни и засновани на факти.

Ова го изјави меѓу другото, евроамбасадорот Дејвид Гир на денешното доделување на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година на свеченоста во организација на Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници.

-Живееме во исклучително време каде ширењето на коронавирусот и многуте ограничувања на нормалните активности ја оптоваруваат работата на новинарите. Лажните вести се еден таков пример бидејќи нивното лесно ширење се еден од најголемите предизвици во светот денес. Ова е предизвик кој ги поткопува темелите на демократијата, довербата во институциите, но и во новинарството како професија. Ефективен одговор на овие предизвици лежи во два елемента. Прво, клучно е да продолжи да се негува независното и професионално новинарство и второ, должност на сите нас е да промовираме истражувања и медиумски писмена публика која нема да биде лесно поводлива по лажни вести или искривени извештаи, рече амбасадорот Гир.

Тој истакна дека во Северна Македонија новинарството има многу позитивни точки, но има и слабости, а една од нив  е безбедноста на новинарите. Потсети дека во најновиот Извештај на Европската комисија за 2020 година за земјава се нотирани констатациите на ЗНМ дека има мал процент на решени случаи на напади врз новинари и дека се бара нивно решавање.

Од пристигнатите 24 стории на различни теми на конкурсот објавен во јуни, во претселекцијата избрани се 11 во потесен избор, а наградени се три, според одлуката на тричленото жири со кој претседавала Весна Никодиновска од МИМ, и членови Марина Костова од „Сакам да кажам“ и Милица Шариќ новинарка од Србија. Првата награда е за видео-сторијата „Урбани атентатори“ изработена од тим од истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на ДУП-от на Тафталиџе. Втората награда ја доби видео-сторијата на Снежана Лупевска, Билјана Николовска и Миомир Серафимовиќ за емисијата „КОД“, а третата награда видео-сторијата за процесот на денационализација на Петар Клинчарски од редакцијата „360“.

Според пораката од претседателката на жири-комисијата која не беше во можност да прусуствува на свеченоста, овие награди треба да бидат охрабрувања да продолжи да се работи на истражувачки стории. Истражувачкото новинарство се уште се цени и им е потребно на младите демократии, наведува таа..

Новинарката Сашка Цветковска како дел од тимот од првонагрдадената сторија, истакна дека за темата примениле интердисциплинарен пристап во кој биле вклучени млади режисери и аниматори, а се заблагодари  што имале помош од граѓаните, но и од ДКСК и од финансиската полиција во прибирањето на документи за подготовката на сторијата.

-Го видовте рецептот што е потребно за да се бетонира и насилно да се урбанизира една урбана општина во Скопје, Се надевам дека и Обвинителството ќе ги собере доказите да покрене обвиненија, рече новинарката Маја Јовановска која е исто дел од тимот.

Наградата за истражувачко новинарство на ЕК е воспоставена во 2015 година и има за цел да ги промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари и да ја подобри видливоста на квалитетното и професионално новинарство во земјите во Западен Балкан и Турција. 

Next Post

Рекордни бројки на новозаразени насекаде во Европа, во Франција и Шпанија над еден милион инфицирани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk