ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шекеринска на втората сесија на Северноатлантскиот совет: С. Македонија како дел од КФОР вложува во мирот и безбедноста на регионот

October 23, 2020 19:19
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на вториот работен состанок на министри за одбрана на земјите членки на НАТО чиј фокус беше на мировните мисии и операции и имплементацијата на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност.

– Во дискусијата за мировните мисии и операции во Авганистан, Ирак и на Косово, министерката Шекеринска рече дека Северна Македонија го продолжува учеството во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, и најави дека сме во процес на подготовка за упатување на хируршки тим во соработка со Кралството Норвешка. Таа додаде дека нашето присуство во Авганистан ќе биде прилагодено согласно плановите за повлекување на НАТО по принципот „заедно внатре – заедно надвор“, соопштија од Министерството за одбрана.

Од Министерството информираа дека министерката го истакнала и новиот придонес од 44 припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на силите КФОР на Косово, кој ќе биде зголемен во текот на идната година при што вкупната бројка ќе изнесува 180 војници, подофицери, и офицери, што е потврда за подготвеноста на нашата Армија да вложува во мирот и безбедноста на регионот.

Министрите за одбрана на НАТО на барање на Владата на Ирак, усвоија и директива за проширена мисија на НАТО во Ирак која ќе биде неборбена и има за цел обука и советување на ирачките безбедносни сили. Министерката Шекеринска по ова прашање истакна дека се планира Северна Македонија да учествува со пет припадници во оваа мисија, во склоп на мобилeн тренинг тим за обука и советување, во рамки на А5 иницијативата.

Вториот дел од денешниот министерски состанок бил посветен на одбележувањето на 20-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Обединетите Нации – Жени, мир и безбедност, при што бил истакнат големиот напредок во инклузивноста на родовата перспектива во сите сегменти на дејствување на Алијансата и земјите членки, но и дека е потребно уште да се работи на подобрување.

– За време на оваа сесија, министерката Шекеринска информираше дека Владата на Република Северна Македонија го донесе вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325, и рече дека посветено се работи на унапредување на положбата на жените во одбраната, преку процес кој е инклузивен и не подразбира само бројка, туку и активно учество на жените во одбраната. Имплементацијата на вториот национален акциски план подразбира подобрување на условите за работа и зголемување на бројот на жените како во одбраната така и во сите сегменти на општеството, на секое ниво, посочија од Министерството за одбрана.

Следниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана ќе се одржи на почетокот на 2021 година./МИА/

Next Post

Заев: Северна Македонија и САД ја потврдија соработката за безбедност на 5G технологии (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk