ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет члена на семејството кое ја претепа ќерката што се вљубила во христијанин, протерани во Сараево

October 24, 2020 17:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Седумнаесет годишната Селма беше истрижена и претепана во Безансон во август од нејзиното семејство, затоа што беше за вљубена во еден млад христијанин Србин. Нејзините родители, како и нивните три други деца, беа протерани оваа сабота во Сараево, јави дописникот на МИА.  

Пет члена од семејството на младата Босанка, која беше претепана и истрижена затоа што сакала да стапи во брак со Србин-христијанин, изутринава биле протерани од Франција за Сараево,  објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан. Протерани се двата родители на девојката и нивните три други деца, се вели од опкружувањето на министерот.

На 17 август, откако ја објави својата намера да се омажи за Душан (20), Селма (17) беше претепана од нејзините родители, босански муслимани, но и од нејзиниот вујко и тетка, кои имаат статус на бегалци. Овој случај предизвика големи емоции во Франција и во странство, потсетувајќи на исто толку судбината на илјадници жени избричени по Ослободувањето во Франција, заради одржување врска со германски војник под Окупацијата, како и меѓуетничкото и верското насилство извршено во 90-тите години за време на експлозијата на поранешна Југославија.

-Како што се обврзуваме  со Марлен Скиапа (министер за граѓанство), семејството кое кукавички ја нападна нивната ќерка и внука удирајќи ја и одејќи  дотаму што насилно ја истрижаја затоа што е вљубенљ во човек од друга вера, беше протерано утрово , објави министерот во соопштението за печатот. На крајот на август, тој увери дека ќе се спроведе постапка за протерување „штом ќе завршат правните постапки“.

Уапсени на крајот од нивното судење во петокот вечерта, петмината членови на семејството на младата девојка беа однесени во центарот за административен притвор во Мец, а потоа беа однесени во Нанси ова сабота наутро за да стигнат до Сараево. Ден претходно, тие беа осудени на првостепена постапка за „насилство врз малолетничка во присуство на малолетни лица (другите деца на родителите) и во групацијата “ на една година затвор, од кои четири условно, придружена со забрана за влез на француска територија за пет години. Од друга страна, религиозниот мотив на насилството  не беше прифатено од судот и покрај изјавите на младата девојка нападната поради ова.

Вујкото, кој е оној кој наводно ја истрижал и тетката на девојката, исто така, беа осудени на исти затворски казна, но без забрана за престој на француска територија. Бегалци, тие пристигнаа во Франција во ноември 2015 година. Од друга страна, на родителите на Селма, кои пристигнаа во 2018 година, им беше одбиено барањето за азил во декември 2019 година. Министерството за внатрешни работи не е во можност да каже за можните последици на чичкото и тетката. Во теорија, министерството може да поведе постапка со ОФПРА, француското биро за заштита на бегалците и лицата без државјанство, за да побара повлекување на нивниот статус на бегалец.

Седумнаесет годишната девојка ќе биде „поддржано од социјална помош за деца и ќе добие дозвола за престој кога ќе стане полнолетна“, се вели во соопштението на министрите за внатрешни работи и министерот за граѓанство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попладневен преглед на вести : Опција е пациенти со ковид-19 да се носат во странство, ако болниците се преполнат, да се почитуваат мерките да не се оптовари здравствениот систем

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk