ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новата српска влада со три нови министерства, 6 нови лица, 50% жени, Стефановиќ и Вулин ги менуваат ресорите

October 25, 2020 20:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новата српска влада ќе има три нови министерства или вкупно 24 ресори, два до три министри без портфељ, 6 нови лица и околу 50 отсто од министрите ќе бидат жени, изјави денес мандатарот за состав на владата Ана Брнабиќ на прес конференција по седница на претседателството на Српската напредна странка (СНС).

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, од досегашните минстри, најголемо изнендаување е замената на ресорита на досегашниот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ во министерството за одбрана, ресорот кој досега го водеше Александар Вулин, кој доаѓа на неговот место за прв човек на полицијата. И Зорана Михајловиќ го менува ресорот и ќе биде министер за рударство и енергетика. Министрите Синиша Мали, Јадранка Јоксимовиќ, Златибот Лончар, Бранислав Недимовиќ и Вања Удовичиќ ги задржуваат своите ресори-за финсии, евроинтеграции,здравство, земјоделство и спорт.

За нов министер за надворешни работи предложен е досегашниот шеф на кабинетот на српскиот претседател, Никола Селаковиќ, а нови имиња се и Маја Гојковиќ, досегашниот прв собраниски спикер која ќе биде министер за култура, Маја Поповиќ, сегашен советник во БИА за министер за правда, Ирена Вујовиќ за министер за животна средина, а заменик директорката на Батут, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, ќе го добие ресорот за труд, вработување, ветерани и социјални прашања.

Нова личност во српската влада е и Гордана Чомиќ, поранешен пратеник и до изборите поранешен член на опозициската Демократска странка (ДС), која како непартиска личност го добива новото министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог.

Новото Министерство за семејна грижа и демографија ќе го води новинарот Ратко Дмитровиќ, а министер за грижа на селата ќе биде Милан Кркобабиќ.

Како што изјави Брнабиќ, нови лица се и идната министерка за стопанство-Анѓелка Атанацковиќ, министерот за градежништво и сообраќај-Томислав Момировиќ, министерката за трговина и туризам-Татјан Матиќ, миниситерката за правда-Маја Поповиќ и министерката за државна управа-Марија Обрадовиќ.

Лидерот на СНС, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата изјави дека нивниот коалционен партнер Српската социјалистичка партија (СПС), „поради внатрешни недорзбирања сеуште го нема одредено името за нов министер за образование и две до три имиња за министри без ресор“, додавајќи дека ова ќе биде „влада на политички континутет“.

Тој како цели на новата влада ги означи борбата против мафијата, раст на економијата, Косовскиот дијалог-кој тој ќе го води, евроинтеграциите.

-Србија ќе ги спроведе сите вредности кои ги имаат спроведено членките на ЕУ, но нема да спроведе нешто што ќе и биде наметнато да го направи, она што ниту една членка на ЕУ го нема направено, а се бара од Србија, кажа Вучиќ.

Тој посочи дека една од задачите на новото министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог е дијалогот не само со партиите, туку и со сите другу од граѓанскиот сектор, бидејќи, како што кажа „со гадови како што сум јас, како што ме нарекуваат, неќат да преговараат.“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид-19, oздравени се 197 пациенти, a починати 22 лица

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk