СДСМ денеска го одржува 25. Конгрес, кој е прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласуваат од партијата, се користат современи дигитални платформи и алатки.
– Конечно на овој конгрес СДСМ пишува црвена боја како боја на партијата, рече Заев.
Тој рече дека црвената боја е боја на социјал-демократијата, на победата, на левицата, боја на слободата, боја на животот. Тоа е боја на македонската иднина, нагласи Заев .
Новиот лик на СДСМ не се случи преку ноќ, рече Заев. Тој истакна дека на тоа работело целокупното членство и успеало во тоа.
– Сега имаме силен, стабилен прогресивен и динамичен СДСМ. Партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија, издвои Заев.
Претседателот на СДСМ, објави и други статутарни измени во партијата кои ќе ги гласаат делегатите.
– СДСМ е првата партија во нашата држава што на следниот конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори. Непосредно секој член ќе моѓе да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата, објави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Со предлог измените на Статусот кои денеска се пред делегатите ќе се воведе целосна родова еднаквост помеѓу жените и мажите во органите на партијата, потенцира претседателот на СДСМ Зоран Заев на воведот во денешниот 25. Конгрес, прв дигитале конгрес во земјава.
Ј. Ѓорѓиоски