ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

October 25, 2020 11:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган што ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна. Различни ни се приоритетите како органи, посочи градоначалникот на Град Скопје на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот.

Тој се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.

– Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна. Да не бидам лошо разбран, не велам дека е лоша соработката. Но, мојата правна позиција е дека треба да се молам со пазарната инспекција. Понатаму, во Железара има улица која ги дели општините Гази Баба и Бутел. Инспектор за животна средина од Бутел фаќа на лице место сторител како исфрла шут, човекот се легитимира, но шутот го исфрла десно, во Гази Баба. И инспекторот не му може ништо,посочи Шилегов.

Скопје, според него, е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид, како што рече, дуализмот во локалната самоуправа. Затоа, посочува, одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт.

– Еве да го отвориме предизвикот – да ги укинеме државните инспекции, имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости, јас така ги дефинирам некои појави за кои сме сите свесни дека постојат. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет. Знаете дека стои? По прес-конференцијата тогаш, пред пандемијата, се крена малку фама, почнаа некои дописи, дојдоа некои истражители, фати пандемијата и се е под радар. Затоа системот за кој ние воочуваме дека е нефункционален треба да се исправи, со законски измени, рече Шилегов.

Затоа, се надоврза тој, и се предлага регионален пристап во инспекторирањето, имајќи предвид дека не сите општини имаат капацитет да издржат инспекторат на свој грб, ниту пак имаат толкав човечки потенцијал.

– Сакам чекор по чекор да ги реализирам работите – ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во општините од територијата на Град Скопје, ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција која што не е само скопска, туку напротив, предвидува можност за регионализација, па ќе дојдеме до тоа дека треба да се укинат лиценците за инспекции, па ќе го предизвикаме државниот инспекторат, рече Шилегов.

Додаде дека категоријата на морална и човечка одговорност, надвор од политичката одговорност, за носителите на јавна функција е сериозен недостаток на нашето општество.

– Треба поодговорно да ја сфатиме функцијата која што ја имаме и да овозможиме да се формира систем кој што е функционален. Добриот дел од работата е што во СДСМ тоа го имаме увидено. И во програмата на Владата, ако видите, добар дел од овие работи за кои зборувам, а за кои сме се бореле внатре во партијата да влезат во приоритети, влегоа во приоритети и се во Програмата на Владата како измени на законски текстови или носење закони, рече Шилегов.

Преговорите со Европската Унија, додаде тој, не ни ги носат вредностите на Европската Унија, туку, како што посочи, нашето менување во категоријата одговорност во работата што ја работиме ќе не однесе во квалитетно функционирање на институциите, како што впрочем сите посакуваме.

– Ама, никако да се централизира, не! Да се дисперзира, да се знае кој е крив. Ние сега имаме позиција дека градоначалниците можеби се добар чадор, политички гледано. Пример, паркирање на кеј. Логично е како граѓанин да викате „што прави градоначалникот“? Логично е. Затоа треба да внимаваме кога посакуваме централизација. Не, ние треба да дисперзираме, да унифицираме во смисла на лиценци и тогаш ќе може слободно да кажеме „е, сега, не е толку лесно и едноставно да ни се случуваат некои работи, како што ни се случуваат, нагласи Шилегов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk