ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Николовски назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција

October 26, 2020 17:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска беше назначен за претседавач на Антикорупциската деловна коалиција за борба со корупцијата.  Оваа платформа која делува по примерот на Кралството Холандија и воспоставени позитивни практики во Албанија, ќе делува во насока на постигнување реални резултати во следната година. Со  назначување на вицепремиерот Николовски на претседавачката функција ќе се постигне подинамична борба против корупцијата, а преку воведување на успешни меѓународни практики, соопшти неговиот кабинет.

Тој посочил дека Антикорупциската деловна коалиција има за цел да промовира атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во Република Северна Македонија кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување.

-Оваа Влада покажа силна заложба за борба против корупцијата, токму со воведувањето на новата функција во Владата, на којашто сум поставен јас, а што е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава ред и поредок. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата во секоја сфера од општеството. Во целиот процес важни ни се сите, институциите, бизнис-секторот, медиумите, невладиниот сектор,  односно сите алки во општеството, за да обезбедиме редот и законот да важат за сите. Во анти-корупциската деловна коалиција за која релевантните чинители ме одбраа и назначија како нејзин претседавач, заеднички ќе работиме на создавање на услови за атрактивна деловна клима преку добро управување, застапување и одобрување на најдобрите меѓународни практики за интегритет и зајакнување на капацитетите меѓу јавните и приватните институции во државата, кои се клучни во градењето на одговорно деловно однесување, изјавил вицепремиерот Николовски.

Претставникот од Антикорупциската бизнис коалиција, Габриела Кулебанова истакнала дека коалицијата има за цел заедничка акција на надлежните институции и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.

-Денешниот настан има за цел да ја официјализира поддршката на Владата со цел интензивирање на активностите на Антикорупциската деловна коалиција во борбата со корупцијата. Очекуваме активностите да добијат на интензитет, а меѓународните клаузули и практики кои имаат голема улога во спречување на корупцијата ќе станат дел од нашата пракса во креирање на договорите. Како клучни стратешки чекори кои е потребно да се реализираат е препорака од страна на Владата за употреба на ICC антикорупциската клаузула во договорите за јавните набавки, како и воспоставување на институционална поддршка за упатствата на ОЕЦД. Силно веруваме дека  резултати кои биле посакувани со децении, но не биле постигнати на национално ниво, со заеднички сили за кратко време ќе ги постигнеме, посочила Кулебанова.

На работениот состанок, кој се одржа во услови прилагодени на пандемијата присуствувале и Данела Арсовска, претседавач на Интернационалната стопанска комора, Роберт Декер, заменик амбасадор на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, претседателката на Државната комисија за борба со корупција Билјана Ивановска, директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска и Главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски.

Во изминатиот период во рамките на коалицијата воспоставена е комуникација и се преземаа активности со релевантните институции  кои се важни алки  во синџирот и секоја од свој аспект може да даде придонес во борбата со корупцијата.

Next Post

Совет на ЕУ: Физички состаноци на апсолутен минимум

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Приведени две лица за грабежот на накит во Лувр

October 26, 2025

Русија тврди дека има нова нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел и може да избегне каков било одбранбен систем

October 26, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk