ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСБСП: Опаѓачки тренд на бројот на сообраќајки, загинати и повредени лица, засилените контроли да продолжат

October 29, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. За жал, полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, неправилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Како што оценуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраѓајот на патиштатата, се чини дека одредена група на учесници во сообраќајот не ги загрижува фактот дека секоја година на улиците и патиштата во Република Северна Македонија околу 150 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се повредени.

Искуството од земјите кои покажуваат најдобри резултати на полето на безбедноста во сообраќајот, се наведува, покажуваат дека покрај добрата сообраќајна инфраструктура најдобри резултати во безбедноста во патниот сообраќај се постигнуваат преку соодветна комбинација од превентивни и репресивни мерки.

Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите. Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел РСБСП реализира континуирани и силни кампањи, а ефектите од кампањите може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

Од друга страна, се додава, репресивните мерки дават побрзи резултати и ефектите од репресивните мерки може да се почувствуваат и на пократок рок.

-РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци од повторување на сообраќајниот прекршок. Превентивните мерки се насочени кон сите учесници во сообраќајот, а со репресивни мерки треба да бидат санкционирани оние учесници во сообраќајот кои и покрај сите апели, и укажувања се уште се однесуваат недисциплинирано и неодговорно во сообраќајот, потенцира Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП по повод засилените контроли од страна на сообраќајната полиција.

Статистичките податоци за 2020 година, покажуваат дека оваа година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на истиот период минатата година и ваквиот опаѓачки тренд треба да продолжи и во иднина, а засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција дејствуваат токму во таа насока, заклучуваат од РСБСП.

Next Post

„Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ - говор на омраза кон Марјан Забрчанец

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk