ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ГОВОР НА ОМРАЗА

„Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ – говор на омраза кон Марјан Забрчанец

October 29, 2020 11:59
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако вчера, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил:

„Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев.

Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија, бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година.

Говорот на омраза е она што Јордан Груев го повторува во своите твитови. Само во последните 12 часа Груев, покрај твитот со говор на омраза кон Забрчанец, се „нафрла“ и врз пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска:

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието Добри вести се множат за СДС. Ќе се помолиме да цркне. Северџанска стока!“, пишува Јордан Груев.

Груев со експлицитен говор на омраза не одминал да коментира и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Оливер Спасовски ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС. Многу добра вест. Ќе се помолиме да цркне што поскоро. Се надеваме да има еден Северџан помалку“, пишува Груев.

Груев пласира говор на омраза и за пратеникот на СДСМ од Охрид Лазе Таневски.

Во еден твит Груев повикува на убиство:

„Намален бројот на убиства во Македонија за речиси двојно помалку. Ова вест не е добра. Треба одма да се убијат што повеќе Северџани во владата“, повикува на убиство Груев.

Ако се погледне неговиот Твитер профил се забележува дека Јордан Груев е со тешко поведение и нескриен говор на омраза и кон починати. Тој во август 2020 година по смртта на Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и мајката на министерот Никола Димитров, напиша:

После реакцијата на ЦИВИЛ на таквиот говор на омраза, Јордан Груев продолжи со говор на омраза и врз активистите од Цивил:

„До Цивил: И вие од Цивил да цркнете како и сите во фамилијата на Никола Димитров. Нека повели МВР“, пишува Груев.

 

Овој квази патриот од далечната Австралија покрај говорот на омраза и заканите кон претставниците на СДСМ, невладини организации и активисти, ја напаѓа и македонската полиција и активностите на Полицискиот синдикат:

Она што зачудува во целата оваа ситуација со извесниот Јордан Груев, е што уште го гледаме активен неговиот твитер профил, а и молкот на Обвинителството кон ваквиот говор на омраза, кој Груев го пласира на социјалната мрежа Твитер во континуитет.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Пладневен преглед на вести: „Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ – говор на омраза кон Забрчанец, непростлив е молкот на САД околу заканите на Бугарија кон С. Македонија...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk