ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Продолжува јавно-приватниот дијалог помеѓу Владата и стопанството

October 30, 2020 14:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Седниците на Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе се користат како консултативна и корективна алатка за сите политики, закони и мерки кои Владата планира да ги донесе за побрз и одржлив развој на економијата, со цел да се слушне и гласот на стопанството, претставувано преку коморите, како и да се максимизира ефектот на мерките, порача вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи во воведното излагање на денешната седница на Комисијата за јавно приватен дијалог во Владата со која претседаваше.

На седницата присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, како и претседателите на најголемите четири стопански комори Бранко Азески (Стопанска комора на Макеоднија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

На оваа седница на комисијата, информираат од Кабинетот на Битиќи, се дискутираше за спроведувањето на четвртиот пакет на мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19, односно за динамиката на усвојување на законските решенија кои овозможуваат имплементација на поединечните мерки, за барањето на коморите за измени во царинскиот тарифник, односно за Законот за царинска тарифа, за парафискалните давачки на компаниите, како и за измени и дополни на Законот за вршење на сметководствени работи.

Министерот за финансии Бесими пред присутните го претстави динамичкит план за донесување на законски решенија со кои ќе се овозможи реализација на сите мерки од четвртиот пакет и посочи дека сите закони се веќе подготвени, поголемиот дел од нив се во собраниска процедура и се очекува да почне нивната примена многу брзо, додека дел од законите кои ќе почнат да се применуваат подоцна се во Владина процедура. Тој истакна дека со усвојување на ребалансот на буџетот, процес кој најдоцна треба да заврши до 3 ноември и со усвојување на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19 за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, ќе се овозможи сериозна подршка на сите компании кои бележат загуби, за исплата на платите на нивните вработени, со што пак ќе се поддржи и ликвидноста на компаниите и ќе се зачуваат работните места.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата, Министерството за економија, Министерството за финансии и Царинската управа во периодот кој следи ќе работат активно на усогласување на Законот за царинска тарифа со ЕУ легислативата, а во меѓувреме со интервентни мерки ќе сe поддржи производството и конкурентноста на македонските компании.

Во однос на парафискалните давачки и Законот за вршење на сметководствена дејност, присутните се согласија во наредниот период да се формира оперативна група која ќе работи на динамички план за намалување на парафискалните давачки на компаниите, за да се намалат овие трошоци на компаниите и на тој начин дополнително да се подигне нивната ликвидност, како и за соодветни измени и дополни на Законот за вршење на сметководствена дејност, со цел креирање на најсоодветно и најефикасно законско решение.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 20, 2025
Скриншот

Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица

June 20, 2025

Николоски: ВРМО-ДПМНЕ ќе има најубедлива победа на изборите, опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk