ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

October 31, 2020 08:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека што е можно побрзо ќе биде постигнат договор за преговарачката рамка и ќе може да се одржи меѓувладината конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, додека властите во Скопје очекуваат договор со Бугарија за надминување на разликите, со потврдувањето на нашето право на самоопределување и на идентитетските атрибути.

– Сега, треба да се постигне договор за преговарачката рамка како една референтна точка во преговорите за пристапување во ЕУ и потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес, изјави вчера Гир.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека следната недела ќе има средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, пред одржувањето на Советот на ЕУ на почетокот на ноември.

– Се обидуваме да најдеме начин да се видиме. Сигурно, да не беше пандемијата досега ќе се гледавме неколку пати, иако ние сме во постојана комуникација со министерката. Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме, бидејќи навистина се ближат деновите кога Советот треба да донесе одлука, изјави Османи.

Според него, потврдувањето на нашето право на самоопределување и на идентитетските атрибути од страна на Република Бугарија значително ќе го охрабри општеството и особено комисиите на историчарите, без сомнеж и оптоварвање да работат на разгледување на различните историски настани и за начинот како да се одбележат различни историски фигури.

– Она што може политиката да го направи се овие охрабрувачки изјави од Република Бугарија дека се спремни како и сите други да го признаат правото на другите држави, изјави Османи, додавајќи дека тоа би го растоварило општеството од сомнежите во однос на намерите за функционирањето и улогата на овие комисии.

Поддршка за усвојување на преговарачката рамка и за одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и ЕУ, пристигна и од Литванија на видео-средбата на Османи со литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус.

Шефот на литванската дипломатија на средбата го искажа безрезервниот и одлучен став на Литванија за продолжување со континуираната и видлива поддршка на нашата европска интеграција, нагласувајќи дека Вилнус останува отворен за споделување на искуства во сите области во Европската Унија и во преговарачкиот процес за кои нашата страна ќе покаже интерес.

Во очекување на стартот на преговорите со ЕУ се огласија и Институтот за демократија и Центарот за европски стратегии Евротинк, кои побараа од Секретаријатот за европски прашања ревидирање на преговарачката структура и комплетирање на преговарачкиот тим и работните групи за подготовка на преговарачките позиции, со цел да ја подготват државата за предизвиците кои стојат на патот кон членството во Европската Унија.

– На патот кон полноправно членство, и покрај неизвесноста поради проблематизирањето од страна на Бугарија на македонскиот јазик, краткото име, македонското малцинство, како и некои историски прашања, државата мора навреме да се подготви за предизвикот за ефикасно и ефективно да ги спроведе пристапните преговори. За да се постигне оваа цел, а и за да се приспособиме кон барањата од новата Методологија за пристапни преговори на ЕУ, потребно е да се ревидира постоечката преговарачка структура, наведуваат двата института.

Според нив, главниот преговарачки тим мора да биде „мал и рационален збир на најдобрите, со единствен критериум знаење, искуство и кредибилитет“.

Како дел од приближувањето кон ЕУ и зајакнувањето на регионалната соработка премиерот Зоран Заев вчера одржа состанок преку видео конференциска врска со неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на кој е реафирмирана иницијативата за подобрување на напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес, започната минатата година.

На средбата тројцата лидери се согласија дека ковид-кризата дополнително ја истакнала потребата од интензивирање на соработката и регионалната економска интеграција и ја повикаа Приштина да се приклучи на иницијативата, се наведува во соопштението.

Учесниците на состанокот се согласиле дека оваа иницијатива може да се искористи и за идентификување на заеднички инфраструктурни проекти насочени кон развој на регионот, во согласност со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за земјите од Западен Балкан и изразиле надеж дека и Црна Гора и Босна и Херцеговина наскоро ќе се приклучат на оваа иницијатива, со што ќе се постигне подобра економска соработка меѓу сите земји во регионот, што ќе резултира со зголемување на слободите, трговската размена и подобрување на животниот стандард за сите луѓе во регионот.

Вучиќ по средбата соопшти дека граѓаните на трите држави од 10 ноември ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР тест. – Без ПЦР тест ќе може да се оди во Албанија и Северна Македонија, или оттаму во Србија, рече Вучиќ.

По трилатералната средба се огласи и српскиот министер за финансии Синиша Мали, кој најави дека е усогласено потпишување на Договор за подобрување на царинската политика на 10 ноември за поедноставување на царинските постапки, со што камионите непречено ќе ги преминуваат границите, без да чекаат неколку часа. – Сето ова ќе придонесе за развој на економијата на целиот регион и директно за развој и раст на животниот стандард на сите граѓани во регионот, изјави Мали.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk