Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи.
Тоа значи дека секој трет тестиран бил позитивен на вирусот.
Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје-273, Куманово-15, Штип-15, Прилеп-16, Тетово-21, Струга-8, Велес-5, Битола-4, Охрид-8, Кавадарци-6, Гостивар-11, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-2, Радовиш-10, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово -4, Валандово-2, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.