Стојко Пауновски, директорот на државен пазарен инспекторат, објави дека е позитивен на коронавирус.
Тој посочи дека резултатот од тестирањето што го добил бил позитивен, но немал никакви симптоми и веќе е во домашна самоизолација.
„Би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19.
Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Посакувам брзо оздравување на на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација.
Чувајте се!“, објави на Фејсбук Пауновски.