„Државата е овде да ги најде сите оние кои ги злоупотребуваат мерките и средствата, и да ги процесуира таквите пријави и да се казнат сторителите. Правевме три различни филтри кои што, ниту еден стопанствeник нема да го поттикне да ги злоупотребува мерките. Ако не ги искористи парите наменски тој да ги врати, ако не ќе има прекршочна пријава, потоа и кривична. Ние како влада немаме друг механизам. Но сметам дека сите се веќе свесни, дека во оваа криза мора секој да се грижи за секого. Мораме да го зачуваме социјалниот капитал, човечкиот, ако и нив ги изгубиме за што ќе зборуваме следната година, кому ќе се оправдаме.“- изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Затоа државата обезбедува средства, за да може секоја фирма, на која и се неопходни, да ги земе и да ги искористи правилно.
„Покрај мерките со финансиска помош, имаме и начини како фирмите да дојдат до свежи пари, но не за одржување, туку за развој. Тоа се паметните решенија, склоп на повеќе мерки.“- дополни Битиќи.