„Се појави една релевентна економска анализа во која се наведува дека ќе се изгубеле 60.000 работни места доколку владата ги немала пакетите со мерки за спас на економијата. Генерално се дава солидна оценка на владините марки и на она што го правиме за намалување на последиците. Затоа од првиот ден зборувам за долгорочна стратегија, иако сме во ситуација да креираме и краткорочни мерки.“- изјави вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, на телевизија Стар, зборувајќи за мерките и нивните позитивни ефекти во економијата.
Тој објасни дека помошта мора да стигне до сите, особено онаму каде што се намалени приходите и онаму каде под ризик се работните места. Според него нужно е системот да опстои, а мерките се директна помош за намалување на кризата.