ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гоце ќе го чека пакетот од Америка

November 2, 2020 12:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Од другата страна на барата утре може да дувне ураганчето коe ќе го декласира бугарско-македонскиот спор во ѓурултија од пета класа. Дводимезионалниот пазел кој на бугарската страна го прикажува Гоце како Бугарин, а на македонската како Македонец, може да одлета низ затворениот прозорец на неразумот во мракот на олујата, а прашањето што биле Македонците пред да бидат Македонци, да го фиксира во некој крстозбор, под три водорамно, да речеме, во енигматиката на преживеаните. Може тоа да го направи и короната, се разбира, како се има размавтано женската, всушност, им покажува и на Македонците и на Бугарите дека битката за Гоце нема никаква смисла ако ќе ја загубат курската битка со вирусот, така што поважно е да носат маски, да држат дистанца, да се мијат, да пијат витамин де и цинк, да чекаат лек и вакцина, ако им умре некој поп да не се лигават со земските останки на починатиот и со останатата попска антуражија и процесија како Србите со Амфилохие, отколку да му ги бројат крвните зрнца на Делчев. Башка што мојата маленкост не може да сфати што е тоа во човекот што ги тера нациите да се глупираат, јас да речеме го паметам само по тоа што во една прилика, бегајки од клетите Турци, се претворил во црно ќумурџиче. Добро, и по голите гради на кои ги примил душманскиот куршум. Да ја носел табакерата денеска сам ќе ги расчистеше сите дилеми. Обаче, ниту револуционерите не можат без секса.

И затоа, да се вратиме ние на ураганот.

Станува збор за американските избори, се разбира.

Наспроти некои црни сценарија јас верувам дека расклатениот американски систем ќе обезбеди контрола над ситуацијата и институционален финиш на изборниот процес, каква и да е волјата на американските граѓани. Некои најави, првенствено од страна на Трамп, како и некои процеси во двата табора и воопшто во американското општество, сугерираат дека опасностите тоа да не биде така не се мали. Тоа што светот е доведен во ситуација да стравува над демократските капацитети на државата и на системот кои беа лидери во демократските стандарди и разбирања, јасно покажува во каква насока се движеа процесите и состојбите во Соединетите држави и, не без врска со тоа што се случуваше во САД, во целиот свет.

Тоа е првата работа што ми паѓа на ум кога се во прашање претседателските избори во САД.

Втората е максимата што ја формулира “Фајнаншел тајмс: “Додека Американците размислуваат кому да му го дадат својот глас, би требало да разберат дека самиот систем е на гласачкото ливче.” Да, јас мислам дека е во прашање системот и тоа во своите елемантарности. Голем дел од Американците се ослободуваат од гравитацијата на политичкиот центар и се повеќе им се приклонуваат на екстремните опции. Тоа е процес кој може да ја урне Америка. И да предизвика цунами кое ќе го потопи светот. Трамп го растури тој центристички свет не само во политиката туку на општо основание затоа што центристичкиот свет е невозможен без вистината, мислењето, фактите, стварната стварност, макар во најелементарна форма, сите тие работи заедно со пристојноста и културата, човекот ги уби од високата позиција на својата функција и на начини кои скандализираа големи делови од американското општество и голем дел од светот, но, кај многу многу богати и кај многу безнадежни, предизвика симпатии. Со својата катјуша на ријалитишоуменските канонади, секој ден и секој миг. За се, па дури и за една таква работа каква што е смртоносната пандемија на корона вирусот. Просто е неверојтна таа страст да се дистанцира од науката и струката, да ја исмејува и да го популаризира во светски размери тој подјебавачки шоу став. Во тој корпус е опасноста и заразноста на неговиот расистички и антиимигрантски пристап, односот кон жените, кон инакумислечките, кон мислечките луѓе воопшто, дури и во својата околина, работи кои пред него беа во сосема друга кондиција и како анкери ја држеа планетата и човештвото во динамична стабилност.

Третата точка е процесот во кој се губи строгоста, непристрасноста и независноста на институциите. Од претседателската, до судската и полициската власт итн. Тоа е, всушност, процес на распаѓањето. На приватизацијата како второ име за распаѓањето.

Четвртата точка е неговото вртење околу болката на Американците како мува околу гној (Бостон ривју). Тој е класична “агитаторска” и “проповедничка” фигура која опстојува и напредува не решавајки ги проблемите на луѓето, туку нагласувајки ги нивните маки и обвинувајки ги за тоа мигрантите, Кинезите, Европјаните, кој годе, кревајки го нивото на нивната страст и спуштајки го нивото на нивниот разум.

Петтата точка е надворешната политика во која Трамп не е без резултати, но две работи се клучни на неговото минусно салдо: Тој е претседател во време во кое Америка ја загуби лидерската позиција во демократскиот свет и второ, тој е прв повоен претседател кој сериозно ги доведе во прашање северноатлантските односи без да понуди соодветна осмислена алтернатива. И трговските војни што ги поведе го раздрмаа светот на негативен начин, но тоа може да се смета и за легитимен избор.

Конечно, шестата точка се однесува на климатските промени. Ригидниот став на сегашниот претседател и на дел од политичкиот и бизнисменски естаблишмент, се многу несоодветни на опасностите со кои се соочува светот.

Јас не сум еден од седумнаесетте проценти Европјани кои би гласале за Трамп. Јас сум со мнозинството од 85 отсто. Макар што морам да нагласам дека за времето на оваа администрација, Македонија влезе во НАТО, го реши спорот со Грција, на пат е да го реши со Бугарија и да почне преговори со Европската унија. За три-четири години дострели колку што не се остварени во сите 4.000 години македонска историја. Хахаха! Но, би било користољубиво и непринципиелно од тоа да се извлекуваат ориентации за утрешните избори. Светската политика е обесмислена, релативизирана до крајни граници, довербата е на нула или близу до нулата, општествата се во распаѓање, социјалните мрежи го факторизираат и фаворизираат просташтвото и се претвораат во јаже на кое се беси човештвото. Тие катастрофични процеси имаат многу подлабоки извори, но нема никакви дилеми дека субјективното чувство за распаѓањето на Америка ги засилува тие процеси. Трамп ги засилува. И затоа беше изјавата на заборавив кој: гласајте како животот да ви зависи од тоа.

Зашто, навистина зависи.

Мислам дека победата на Бајден ќе овозможи светот да се стресе и истресе малку на излегување од морето на распашаноста, на екстремите, на насилството, на одново разбудениот тероризам, и да се праша: чекај малку, бе, кај плови овој брод.

Ако се биде океј со Америка, ние ќе можеме да се вратиме на нашата омилена тема за која на 17 септември го напишав следното:

За три милијарди евра и гаранции дека никогаш повеќе нема да не заебаваат со идентитетски прашања, би можеле веднаш да прифатиме 50 проценти од бугарскиот меморандум и уште десетина во текот на преговорите, другите од дневен ред ќе ги симне Бугарија во соработка со Европската унија и САД, не се сомневам во тоа, затоа што културолошките и историски прашања тука имаат потенцијал, така се претставени, да се трансформираат во територијални и национални претензии, со изгледи да прераснат и во казус бели, не со Македонија, туку со целиот регион. Со најглупав повод од сите глупави поводи за сите глупави војни: Дали Македонците пред 41 биле Бугари или Инуити!?

Хахаха!

Македонија е фактор на геополитичката рамнотежа во регионот. Бугарија може да има вакви и онакви претензии, но само во рамките на споменатата рамнотежа, не и покрај неа, а уште помалку против неа. Како што и Македонија има одговорности кон таа геополитичка конфигурација кон која мора да придонесува, меѓу другото, решавајки ги споровите со соседите.

Документот претставува страшно понижување на Македонија пред европската и светска заедница на народите, со идеја која закономерно ќе води во демонтажа на младата држава и нација како крајна станица, повеќе од позиција на Бугарија како европски фактор, отколку на историските и културолошки факти. Тоа е реалното значење на меморандумот и тоа значење е независно од фактите кои се покренуваат во него. За нив може да се разговара и од македонска страна низа работи мора да се прифатат, одредени историографски ревизии да се направат, затоа што поради потребите на самосвеста на нацијата што се градела, низа факти се поблаго или потешко деформирани, до нивото и да бидат сосема лажни. Тоа е жртвата што Македонија може и мора да ја поднесе, но обраќањето до Европската унија е обид не да се стигне до решение, туку обид првиот комшија, со големи парчиња заедничка историја и славни јунаци, блиски,по јазик, култура, фолклор, обичаи, карактери, да се посрами како безвреден фактор во се освен во потенцијата да биде загрозувач на мирот и стабилноста во овој дел на Европа.

Јас очекувам дека веќе во прелиминарната фаза, Софија ќе симне или ќе релативизира многу од точките во меморандумот. Можеби и целиот документ. Ако е паметна. Македонија, од својата страна, не смее да си дозволи меморандумот да ја поколеба во барањето на траен, взаемно прифатлив договор со Бугарија, со јасна свест дека откажувањето од некои наши вистини, факти и илузии, нема да го проблематизира македонскиот идентитет и перспективи, туку ќе ги зацврсти. Клучната работа е разбирањето на идентитетот како развојна категорија, а не како фиксна работа што доаѓа од, исто така, некое фамозно фиксно минато. Ќе зборуваме за бугарско присуство, не за окупација и ќе престанеме да им ги набиваме на Бугарите жртвите. Тоа е минимум што треба да го направиме по 80 години. Тоа е европски културен и политички стандард. Ако тие ја признаваат политичката и национална реалност, принципот на самоопределување, идентитетот, немаат територијални претензии, не гледам зошто Македонија не би прифатила дека во историската реалност во која се еманципирала или, дури, родила македонската национална стварност, има сериозни бугарски елементи. Кога сите знаеме дека има.

Така што, полека, без вишок емоции, да ги решаваме проблемите, а не да морализираме над нив, со релативизирање, а не со апсолутизирање на историјата, со став дека младоста на нацијата е предност, а не хендикеп…


Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: president.gov.ua

Европските лидери во Кијив повикаа на 30-дневен прекин на огнот, Русија поставува услови

May 10, 2025

Филипче најави средба со Таравари, вели дека како колеги имале добра соработка

May 10, 2025

Викторија Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk