ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најчестите кошмари и нивното значење

November 2, 2020 13:48
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кошмарите, како и соништата, се начин – како мозокот ги процесира и обработува информациите и настаните коишто се случиле во текот на денот.

1. Паѓање на тест

Овие соништа често се случуваат и кај луѓе кои, на пр., одредено време биле отсутни од училиште… Во сонот, не може да го положите испитот, не можете да ја најдете просторијата за тестирање или едноставно, се чувствувате неподготвени за тестот. Овие соништа значат дека очекувате да бидете тестирани во блиска иднина во вашиот живот и се чувствувате како да не сте подготвени за тоа. Сонот можеби и ќе ве натера да бидете поподготвени за она што следи.

2. Гол /-а пред луѓе!?

Стоите на јавно место полно луѓе, кога одеднаш сфаќате дека сте целосно гол /-а. Кошмарот е често придружуван од поголема „публика“ целосно облечени луѓе, кои понекогаш и се смеат. Ова обично означува страв од откривање пред другите, т.е. нешто криете…

3 Паѓање или давење

Соништата каде што човек паѓа во воздух, се дави во вода или тоне во жив песок, го претставуваат чувството на несигурност или недостаток на поддршка во вашиот живот. Тоа особено се однесува на луѓето кои во одреден миг се соочуваат со нешто навистина големо во животот.

4. Некој Ве брка?!

Ова е уште еден многу чест сон. Човекот сонува дека бега од чудовиште или убиец. Овој сон значи дека некој прави да се чувствувате многу непријатно, па дури и загрозено. Веројатно, може да дознаете која е таа личност во вашиот живот споредувајќи одредени својства и одлики на чудовиштето со луѓето кои се околу Вас.

5. Да се ​​биде изгубен, заробен или погребан

Овие соништа обично укажуваат на фрустрации што можеби ги чувствувате во вашето јаве. Тие би можеле да се изедначат со ќорсокак во некоја работа, со некој што ве кочи во напредувањето во кариерата или пак, врска во којашто можеби се чувствувате заробени. Можеби се соочувате со ситуација во која немате избор, или пак, со тешкотии да донесете некоја одлука. /МИА/

Next Post

ФАЦ: Барањата на Софија не му припаѓаат на 21 век и го загрозуваат проширувањето на ЕУ

НАЈНОВО

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk